Интернетот според последните податоци има 2 милијарди корисници низ целиот свет. Половина од нив во мај го посетиле Google.
Според податоците на компанијата somScore, Google, односно неговите страници, минатиот месец забележиле една милијарда униктни посетители. Со ова Google стана прв кој ја остварил оваа цифра.
На второ место се наоѓа Microsoft со околу 905 милиони посети, додека Facebook е трет со 714 милиони. Yahoo кој негоаш се наоѓаше во првите три места, сега е на четврто со 689 милиони.
Во однос на времето кое го поминуваат корисниците на споменатите сајтови, ситуацијата е малку поразлична. На Facebook корисниците поминуваат 250 милијарди минути во текот на месец мај, додека на Google 200 милијарди минути.