Изгледа дека Попај навистина силата ја добивал од спанаќот. Најновите истражувања докажале дека спанаќот навистина помага мускулите да работат подобро. Тоа е поради големата количина на нитратите кои ја содржи спанаќот. Една порција од 300 гр спанаќ за пет отсто го зголемува количеството на кислород, што им е потребно на мускулите во текот на вежбањето. Ефектот може да го забележите по само три дена, доколку секојдневно внесувате по една ваква порција спанаќ. Нитритите се како адитив за гориво за мускулите, објаснил др.Вицберг во една своја студија.