Светските цени на храната на рекордно ниво

3 февруари, 20110
Natural_food

Светските цени на храната достигнаа рекордно висока вредност во јануари, годинава, соопшти Светската програма за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ОН), објавува Ројтерс, пренесува Нетпрес.

Ценовните показатели го преминаа претходното рекордно ниво од 2008 година, кога цените на храната беа највисоки и предизвикаа масовни протести низ светот. Според ОН, веројатно е индексот да продолжи да расте.
Индексот се мери врз основа на месечната промена во цените на производите кои ја сочинуваат потрошувачката кошница, како што се  житариците, маслата, млечните производи, месото и шеќерот.
Во јануари, годинава, индексот достигнал 230,7, во однос на 223,1 поени во декември, лани.
Високите цени на храната го заголемија јавното незадоволство, но и “придонесоа“  во јануари да се симне од власт претседателот на Тунис.

Зголемувањето на цените на прехранбените производи предизвикаа и масови протести во Египет и Јордан и принудија другите земји во регионот да ги пополнат резервите за да се смири населението, објавува Ројтерс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber