Поради неплатен долг на Цеца ќе и биде одземен еден спрат од куќата

27 октомври, 20110
Ceca-svetlana-ceca-raznatovic-1037363_453_604

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ наскоро ќе остане без дел од нејзината куќа! Општинскиот суд во Белград наредил продажба на дел од ќуќата или поточно 140 квадратни метри, бидејќи пејачката не го вратила долгот на поранешениот пријател на Аркан, Воислав Ѓурковиќ од Бијелина. Куќата на Цеца веќе е под хипотека како гаранција за судскиот процес кој се водел према нејзе во случајот нелегално продавање на фудбалери на Обилиќ, во кој Цеца мора на државата да и исплати оштета од 1 милион евра.
Гордана Вуковиќ, портпарол на Судот, изјавила дека пејачката на Воислав Ѓурковиќ му должела вкупно 116.063 евра.
Таа исто така додала дека Цеца не поднела жалба на решението на продажба на имотот и дека останува вештаците да ја одредат цената на едниот спрат од куќата.
Во првиот предлог за исплата на долгот на Ѓурковиќ, било побарано да се продаде џипот на Цеца, но подоцна било утврдено дека автмобилот ја нема потребната вредност за обештетување, па затоа одлуката паднала на дел од куќата.
Цеца исто така ќе мора да ги плати и судските трошоци кои изнесувале околу 5000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi