Британските власти ја забраниле рекламата за парфемот на Марк Џејкобс во која глуми Дакота Фенинг, поради невкусните сцени на малолетната актерка.
Агенцијата за рекламни стандарди соопштила дека неколку читатели се пожалиле на рекламата која се појавила на списанијата, а станува збор за парфемот на Марк Џејкобс, “Oh, Lola!” во кој се појавува 17-годишната актерка облечена во мини фустан како седи на огромно шише парфем меѓу нејзините нозе.
Агенцијата соопштила дека актерка во рекламата делувала помладо и дека нејзината сексуалност била нагласена, а со тоа и рекламата би можела да биде разбрана како сексуализација на децата што може да повлече сериозни санкции.
Производителот на парфемот “Koti UK” соопштил дека прафемот е направен за целна група над 25 години, и дека иако е провокатвна рекаламта, таа сепак не е непристојна.