Поранешниот сопруг на Ејми, остана без наследство…

26 јули, 20110
amy winehouse1

На погребната церемонија присуствуваа само семејството и најблиските пријатели на Ејми, а меѓу нив се појавиле и нејзиниот верен соработник Марк Рондсон и Кели Озборн.

Нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер не присуствувал на погребот, бидејќи не добил дозвола да го напушти затворот, каде во моментов отслужува 32 месеци казна, поради разбојништво и поседување на оружје.

Како што пишуваат британските медиуми, Ејми после разводот во 2009 година, се погрижила нејзиниот поранешен сопуг, Блејк да не добие ништо од нејзините пари.

Се проценува дека нејзиното богатство вреди помеѓу 6 и 20 милиони фунти (6,8 до 22,7 милиони евра) и дека таа цифра во иднина може само да расте поради зголемената заинтересираност за нејзината музика, а секако богатството ќе го наследат нејзините родители.

Од бритаските медиуми дознаваме дека семејството на Ејми ќе ја исполни нејзината последна желба – нејзиното тело ќе биде кремирано, а пеплта ќе биде измешана со пепелта на нејзината баба Синтија, која во 2006 година починала од рак на белите дробови.

Ејми отсекогаш и се восхитувала на својата баба – џез пејачка, која била во врска со познатиот саксофонист Рони Скот. Тетоважата од жената во црвена кошула која Ејми ја истетовирала на десното рамо е посветена токму за неа, а на истата страна стои и нејзиното име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *