Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Водици

17 јануари, 20110
skopje-771006

Поради христијанскиот празник Водици и церемонијата на фрлање на крстот во Вардар за сообраќај ќе биде затворена за сообраќај улицата Стив Наумов кај хотелот “Холидеј Ин“, известуваат градските власти. Од 10 до 13 часот ќе биде запрен сообраќајот по улицата од крстосницата на Стив Наумов и булеварот Гоце Делчев, па се до крстосницата на улицата Војвода Васил Аџиларски и улицата 11-ти Октомври. Автобусите на ЈСП со број 16, 50, 57, 57А и 59 ќе бидат пренасочени преку булеварот Кочо Рацин (Југодрво) и булеварот Крсте Мисирков и притоа патниците ќе може да ги користат постојните автобуски стојалишта на пренасочените булевари. Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi