Лицата кои некогаш имале повреди на главата, имаат тенденција и сколоност кон тепање и насилство, и тоа посебно во првата година, по здобиените повреди на главата, покажала една студија на американските научници.
Истражувањето покажало дека повредите на мозкот може да доведат до емоционални промени, вклучувајќи ја импулстивноста и агресијата, пренесува Ројтерс.
“Лицата кои за врема на училишната возраст, се здобиле со некакви повреди на главата покажуваат поголема склоност кон насилничкото однесување во периодот на раната адолесценција, од онние кои немале вакво искуство“, изјавил авторот на студијата Сара Стодард, од Универзитетот во Мичиген.
Во студијата се наведува дека и разните повреди на главата, кои довеле до амнезија, потрес на мозокот или други посериозни последици, често понатаму се причина која доведува до проблематично однесување во периодот на рана адолесценција.
Дури 43% од лицата кои за време на училишната возраст имале таква тешка повреда, биле склони кон тепачки или некој друг вид на насилно однесување, во текот на таа година кога се здобиле со повредата
Повредите на главата најчесто доведуваат до агресивно однесување во раната адолесценција, кога постои постепено престанување на раст, а последциите на мозокот тогаш стануваат најочигледни.