Ејми Вајнхаус работеше и на дизајнот на новата колекција на модната куќа “Фред Пери”. По нејзината смрт колекцијата која била затекната во продавниците молкавично била разграбана.
Колекцијата на Ејми би требало постхумно да се пушти во продажба за неколку недели.
Таа имала дизајнирано неколку колекции на облека за Фред Пери. Во едно свое неодамнешно интервју таа изјавила дека станува збор за три колекции за споменатата модна куќа.
Менаџерот на модната куќа изјавил дека соработката со Ејми била одлична. Таа секогаш знаеше што сака и точно знаеше да го изведе тоа, изјавил Риџард Мартин.
Првата нејзина колекција била инспирирана од педесетите, онаа за пролет-лето 2011 која беше лансирана во март беше во хавајски стил. Но буквално секое парче дизајнирано од неа е продадено. Сега се чека на нејзините нови колекции.