На петнаесетти ноември, компанијата “Warner Bros” на пазарот ќе го издаде двојното CD од бендот R.E.M. на кои се наоѓаат повеќе од 40 песни и со тоа се заокружува целиот тек на нивната кариера.
Изданието е наречено “Part Lies, Part Heart, Part Truth, Part Garbage : 1982-2011”, и ги вклучува двата дискографски периоди на бендот, првиот кога снимале за компанијата “IRS” (1982-1987 година) и вториот период ја вклучува соработката со “Warner Bros” (1988-2011 година).
Публиката, која ќе го купи двојниот албум исто така, ќе има можност да ги слушне трите нови песни – “A Month Of Saturdays”, “We all Back To Where We Belong” и “Hallelujah” “, кои не беа ставени на CD-то “Collapse Into Now”.
Во изданието ќе може да се прочитаат и забелешките и коментарите од членовите на бендот: Бери, Бак, Милс и Стипе, кои зборуваат за нивните впечатоци од долгогодишната кариера.
httpv://www.youtube.com/watch?v=_