Жените сакаат духовити мажи :))) А зошто?!?

25 октомври, 20110
duhovit mazi

Духовитоста и смислата за хумор е многу важна, особено на почетокот на љубовната врска. Жените сакаат мажи со смисла за хумор, а мажите сакаат жени кои ќе се смеат на нивните шеги, што не е лесно ако земеме во предвид дека не сите имаат иста смисла за хумор.

Различните погледи кон хуморот потекнуваат уште многу одамна, особено во теоријата за сексуална селекција. Пребирливите жени хуморот го сметаат за знак на интелигенција, а мажите го коирстат за да ги импресионираат своите партнерки.

Споре најновите студии, мажите скоро секогаш се обидуваат да се претстават како хумористични и шармантни личности, додека жените најлесто бараат мажи на кои една од главните одлики им е смислата за хумор. Интересен е фактот дека оние кои сметаат дека имаат добра смисла за хумор не го бараат истото од своите партнери.

Всушност, жените сметаат дека преку хуморот можат да откријат колку мажите се интелигентни, додека повеќето припадници на посилниот пол воопшто не ја поврзуваат смислата за хумор со интелигенцијата. Затоа мажи, секогаш прочитајте неколку добри вицови пред првиот состанок, доколку сакате да и се допаднете на вашата партнерка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi