Документарниот филм снимен во 3D верзија, посветен на една од најдобрите коерографки Pini Bausch е прогласен за најдобар документарец на годинешните престижни награди Lola, најзначајните германски филмски награди.
Гермаснкиот режисер, драматург и продуцент Wim Wenders го снимаше документарецот посветен на својата драга пријателка која не успеа да ја доживее светската премиера. Таа починала од болест на 30 јуни 2009 година. Затоа Wim морал да го измени концептот и одлучил да го снима филмот како постхумна посвета.
http://www.youtube.com/watch?v=bwrOurFVMJ0&feature=player_embedded