Научниците веруваат дека флавоноид нарингеринот, кој се наоѓа во големи количини во цитрусното овошје ( портокал, грефрут, лимун) освен што не штити од многубројни болести го јакне имунолошкиот систем, може дури и да го олесни процесот на слабеење.
Имено, во неодамна објавеното истражување, научниците утврдиле дека нарингеринот го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта, ја намалува отпорноста на инсулин и спречува појава на гојазност. Освен тоа, истражувачите утврдиле дека внесувањето ва поголеми количини од овој флавоноид ги поттикнува јетрата да го согорува вишокот на наснотии а не да го таложи.
Британските експерти исто така дошле до сознание дека доручек од интегрални житарици и свежо овошје овозможува согорување на 50 проценти повеќе масти од доручек кој соржи преработени јаглер хидрати.
За разлика од белиот леб и печива (преработени јаглерхидрати) кои предизвикуват брзи скокови на шеќерот во крвта, а во мускулите задржување на гликогенот, конзумирањето на интегрални житарици ги редуцира количините на гликоген во мускулите, па организмот може да ги троши мастите.