Повеќе од 20 Полјаци затруени со екстази во фабричка менза

19 април, 20110
ecstacy-04
Несолена шега или нечија зла намера одвела 21 Полјак, од фабрика за резервни делови за автомобили во болница бидејќи се затруле со екстази во фабричката менза, пишува агенцијата “Бета“, пренесува Нетпрес.
Вчерашниот ручек бил кобен, бидејќи на некои од  работниците им се слошило и итно биле пренесени во болница со симптоми на труење, а четири од вкупно 21 работник се задржани на понатамошно лекување.
“После лекарската дијагноза во која беше утврдено дека се работи за труење, во фабричката менза беа испратени полицајци со кучиња трагачи, кои веднаш почнаа  да се однесуваат како да пронашле дрога“ , изјавил портпаролот на полската полиција Андреј Боровјак.
За сега е познато дека некој истурил екстази во шеќерот на масите во мензата, но полицијата во интерес на истрагата запленила и други зачини од мензата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi