Повеќе од 40 мртви во потонат траект во Египет

29 април, 20110
2162498_f520
Најмалку 43 лица денес ги загубија животите кога потона траект во реката Нил, на југот на Египет, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Несреќата се случила во провинцијата Бани Суваиф. Тамошната полиција соопштила дека траектот превезувал автобус полн со патници кои патувале кон локалните гробишта.
Спасувачи трагаат по исчезнатите лица, а повредените биле префрлени во болница.
Несреќата се случила една година откако пет луѓе се удавиле кога нивниот траект потонал во реката Нил, во предградие на Каиро.
Сообраќајните несреќи се вообичаени во Египет, а најчеста причина е лошото одржување на возилата и пловните објекти како и невнимание на учесниците во сообраќајот.
Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *