Повторно пукотници помеѓу Северна и Јужна Кореја

10 август, 20110
korei

Армијата на Северна Кореја повторно истрелала артилериски гранати кон Јужна Кореја, и тоа во текот на вообичаени воени вежби. Гранатите паднале во близина на островот Јеонпјеонг, но се уште не е познато дали паднале во територијалните води на Јужна Кореја .
Јужнакорејските сили возвратиле веднаш со артилериско оружје и најавиле уште поголема одмазда. Жителите на островот Јеонпјеон веднаш се скриле во засолништа, додека рибарските чамци биле отповикани да се вратат во пристаништето.
Последниот инцидент бил во близина на северната граница помеѓу двете Кореи, кое во последните неколку години станало место на многу препукувања помеѓу овие две држави, објавил BBC.
Јужна Кореја минатата година ја обвини Северна Кореја дека торпедирала брод, при што загинале 46 морнари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi