Позатите масони на српските динари

18 јули, 20110
6518_narodnabanka-blic_f

Суптилното потпишување на масоните уште еднаш потврдува, дека дел од починатите браќа се сеуште присутни во мислите на масоните. Нормално, во скад со начинот на кој слободните ѕидари се потпишуваат на градбите, слободноѕидарските симболи или ликови можат да се забележат на дел од паричните средства кои биле или сеуште се во оптек.

На книжната пара во износ од 10 динари се наоѓа ликот на Vuk Stefanović Karadžić, за кого непостојат точни податоци дали беше дел од слободното ѕидарство, но голем број на српски масони, го именуваат како “брат“. Тоа е поради, неговата блискост со тогашните претставници на масонството. Влијание врз Vuk имаше Dositej Obradović, па дури и двата гроба се поставени еден до друг во Соборната црква во Белград. Покрај тоа, согледувајќи ги просветителските европски канали на тогашна Европа, неспорно е дека Karadžić имал контакти со слободните ѕидари.

Vuk Karadzic

На книжната пара во износ од 20 динари – ликот на црногорскиот Владика Petra Petrović Njegoš, за чие членство меѓу слободните ѕидари постојат голем број на претпоставки, а многу малку сигурни и потврдени податоци. Како најпроверен податок, врз кој се базираат и претпоставките за неговото членство е тоа што негов личен учител бил Sima Milutinović Srajlija, еден од првите и најпосветените масони во новата српска историја. Неможе да се оспори, фактот дека Milutinović можел да влијае врз Njegoš. Исто така, како аргумент се посочува и неговиот често споменуван стих “братот ти е мил, без разлика од која вера е“, што претставува типично масонско мото, а овој стих се наоѓа на печатите на дел од масонските ложи.

Njegos

На книжната пара во износ од 50 динари – ликот на Stevan Mokranjca, лојален слободен ѕидар во ложата “Pobratim”. Доколку за Karadžić и за Njegoš не можеме со сигурност да потврдиме дали беа дел од слободното ѕидарство, за Mokranjca е сосема јасно. Овој музички гение беше посветен и лојален масон, а едно од најпознатите записи поврзан со пријателстовото и довербата меѓу белграѓанските масони е писмото кое Mokranjca го имаше испратено до Đorđe Vajfert, непосредно пред неговото заминување во Беч на операција во 1900 година. Во писмото, се обраќа на Vajfert со “брате“, и напоменува дека “заминува на лечење“ и го замолува “да се грижи за неговите и за децата не неговиот брат“ (бидејќи брат му бил починат).

Mokranjac

На книжната пара во износ од 100 динари – портретот на Nikola Tesla; за него тешко може да се потврди дали бил слободен ѕидар, но неговото однесување оддаваше одредени знаци за неговото присуство меѓу нив. Сепак, материјални докази со кои би го потврдиле ова не постојат, иако во тоа време масонството во САД беше најистакнато, па би било логично Tesla да бил член на една од американските ложи. Во прилог на оваа теза е и фактот што најблискиот пријател на Tesla, Mark Tven, (познатиот американски писател) исто така беше слободен ѕидар.

Nikola Tesla

На книжната пара во износ од 200 динари – портретот на Nadežda Petrović, за која се смета дека била дел од масоните.

Nadezda Petrovic

Најпознатиот и највлијателниот Голем мајстор од Југославија беше Đorđe Vajfert, индустријалец, основач на ложата “Pobratim”, како и Голем мајстор на Големата ложа “Jugoslavija”. Ликот на Vajfert, се наоѓа на книжната пара во износ од 1000 динари. Кога за првпат се најде во оптек оваа книжна пара, изгледаше нелогично, поради тоа што, се поставува лик на индустријалец. Меѓутоа, неговата положба меѓу српските слободни ѕидари во тоа време го оправдува ова место.

Djordje Vajfert

На книжната пара во износ од 5000 динари – се наоѓа ликот на Slobodan Jovanović; еден од најголемите историчари, политичари и слободни ѕидари. Неговото име често беше споменувано пред почетокот на војната, а Jovanović вложуваше големи напори за зачувување како на Југославија и на нејзиниот поредок, така и на масонството.

Slobodan Jovanovic

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi