Пожарот изгаснат, пациентот починат. Тоа ти е кинеска медицина!?

popara27 август, 20111min00
hirurg

Кинески пациент (50) починал на операциона маса, откако лекарите ја напуштиле операционата сала поради пожар во соседната соба. Тие го оставиле пациентот неподвижен да лежи цели 30 минути.

Медицинската сестра прво се обидела да го изгасне пожарот предизвикан од неисправен апарат за дезинфекција, пишува Гардијан, но бидејќи не успеала, само пријавила дека има пожар во соседната соба и продолжиле со операцијата. Но набргу снемало и струја.

– Противпожарната служба не им дозволила на медицински тим да остане во салата. Но кога се вратиле веќе било доцна. Пациентот се задушил од чадот кој бил предизвикан од пожарот. За време на истрагата лекарите и медицинскиот пресонал не смеел да ја напушта болницата.

– Моментално персоналот кој бил осомничен е отстранет од болницата.

Ние сме виновни, и ние сме одговорни за целиот инцидент, изјави портпаролот на болницата. Болницата преговара со семејството на починатиот за надомест на штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma