Познати масони од Франција – прв дел

8 јуни, 20110
masoni

За појавата и почетоците на слободното ѕидарство во Франција има многу поделени мислења кај историчарите, а најмногу спротивставени ставови се согледуваат помеѓу англиските и германските гледишта. Уште пред да биде основана Големата ложа на Англија, постоеле ложи со многу постара традиција и ритуали. Новосодадената Голема ложа во Лондон во 1717 година, веднаш по создавањето имаше обид да ја презеде власта над француското слободно ѕидарство во кое покрај благородниците беа дел и лица од интелектуалната фела, воени полковници од Шкотска и Ирска.

За француските слободни ѕидари, писателот Naudon има запишано: “Докажано е дека првото модерно слободно ѕидарство кое беше формирано во Франција е многу постаро од Големата ложа на Лондон во 1717 година“. Според тврдењата на Barteloot, англиските поддржувачите на Stuart или јакобитите, веднаш по атентатот на британскиот Крал Karlo I во 1649 година во Франција, правеа заговор против Cromwella.

Францијата и Англија имаа блиски односи, единствено поради заедничките интереси на политичката сцена. Врз основа на ваквите односи, француското и англиското слободно ѕидарство имаа меѓусебно големо влијание врз развојот и напредокот. Се претпоставува дека уште во 1721 година постоела ложа во Денкерк, но сепак нема цврсти докази за тоа. Но, веќе во 1725 година јакобитите основаа една или повеќе ложи во гостилницата St-Germain-des-Prés. Во исто време, како Голем мајстор на Големата лондонска ложа е именуван Војводата од Вартон, па поради тоа создавањето на Големата ложа на Франција помина незабележано. Единствено Кардиналот Fleury внимателно го следеше развојот на француската ложа, бидејќи во неа гледаше потенцијал за да ја искористи за своите идни сплетки.

Првата ложа во Париз, е основана во 1729 година под името “Au Louis d’Argent”, а во 1730 година во круговите на слободните ѕидари во Лондон беше примен Montesquieu. Весниците неуморно пишуваа за овој настан, што всушност беше од голема корист за промовирање на ложата. Започнувајќи од 1731 година, на чело на шкотските ложи во Франција застана Charles Radcliffe, Гроф од Дервенвотер кој имаше огромен удел во воведувањето на традиционални и религиозни елементи во француското слободно ѕидарство. Подоцна се основани ложи во Париз, Валенсијен и Бордо.

Веќе во 1735 година во Франција постојат минимум пет ложи кои беа регистрирани кај Големата ложа на Англија. Во Септември истата година во кругот на слободните ѕидари е примен Грофот Saint-Florentin.

Andreas Michael Ramsey син на пекар од Аир, Шкотска, беше дел од англиската единица која се бореше во Холандија. Воодушевен од Надбискупот Fénelon, кој беше протеран од францускиот двор и поради тоа живееше во Камбре, а за многу краток период стана католик и член во редовите на лазаристите. После смртта на Fénelon, Ramsey често патува во Париз и во 1724 година е назначен за учител на престолонаследникот Karl Eduardo (кој имал само четири години), син на прогонетиот шкотски Крал Jakov III. Тој се здоби со титулата “Chevalier” (Витез) поради огромниот придонес што го имал во областа на образованието. 1737 година, како Голем говорникот на Големата ложа, Ramsay држи предавања низ Париз. Во текот на неговите предавања ги објаснуваше целите и принципите на слободното ѕидарство, така што еден од неговите говори наиде на одлична критика од страна на благородништвото и од фелата на интелектуалци. Се залагаше за сеопшта толеранција.

Napoleon

Веќе во 1737 година имаше се поголем број на француски членови во ложите така што за Голем мајстор беше именуван Војводата од Омон. На ден 24 Јуни 1738 година, англискиот Голем мајстор Richmond го именуваше Војводата од Антен за Голем мајстор на француското слободно ѕидарство. Војводата од Антен се залагаше за побожно слободно ѕидарство, за зголемување на моралот и за почитување на веќе постоечкиот поредок – всушност објави нови постулати.

Во 1738 година Папата Clement XII го даде и официјално своето мислење за слободните ѕидари – “Тоа се еретици кои во својот сојуз примаат личности од сите религии…било какви и да се причините, ние не можеме да го оправдаме ваквиот начин на делување“. Кардиналот Fleury, кој со сигурност може да се тврди дека немаше пријателски намери кон слободните ѕидари, сепак не се покори на повикот на Папата, само со цел да не си создаде непријатели во редовите на благородниците. Во Франција, не можеше да се формира ниту пак да стане законски ниту еден ѕидарски сојуз, без претходно одобрени од Парламентот во Париз. Во тоа време, полицијата будно ги набљудуваше сите активности кои ги преземаа слободните ѕидари и веднаш ги прогонуваше од државата.

Voltaire

Така со само десетина ложи во Париз и петнаесетина низ локалните провинции, слободното ѕидарство се равиваше бавно. Во 1744 година свештеникот Péran ја објави книгата “Откривање на тајните на слободните ѕидари“, со што се придонесе да се рашири страв меѓу населението и да се осудат ритуалите и обредите на слободните ѕидари. Оваа книга стана најпродавана во тоа време и после нејзиното објавување слободните француски ѕидари беа исмевани од страна на населението.

François de Salignac

Наследник на функцијата Голем мајстор, откако во 1743 година починат Војводата од Антен, беше именуван Грофот од Клермонт, Luj II. Додека ја извршуваше оваа функција, Luj II приредуваше раскошни приеми на кои беа присутни исклучиво интелектуалци и благородници. Исто така, во кругот на слободните ѕидари можеше да се приклучат само лицата кои беа благородници или лица од интелектуалната фела. Но, и покрај ваквите селективни мерки, сепак слободното ѕидарство во Францијата започна да се развива и да се зголемува бројот на членови. Кардиналот Fleury почина во 1743 година, за веќе од 1745 година да се намали притисокот на полицијата врз ширењето на слободното ѕидарство.

Во 1747 година три личности имаа огромен придонес врз развојот на слободното ѕидарство: Montesquieu, лојален слободен ѕидар, кој во својата книга “Духот на законот“ бараше зголемување на моралот меѓу луѓето; потоа Voltaire кој беше почесен гостин во дворот во Луневил; и на крај Diderot, кој заедно со D’Alemberto ја издадоа книгата “Енциклопедија“, со цел на светот да им понудат нови знаења и нови филозофски гледишта.

Denis Diderot

1750 година се карактеризира со развивање на мистичното слободно ѕидарство – Willermoz, кој беше примен во редовите на слободните ѕидари во Лион, одлучи да ги намали слабостите меѓу масоните. Под влијание на неговиот учител Martinés de Pasqually и пријател Claudea de Saint-Martin, целиот свој живот го имаше посветено врз развивање на езотерично христијанство. Willermoza всушност го направи Лион центар на мистичното слободно ѕидарство.

Папата Benedict XIV во 1751 година јавно ги осуди и обвини сите слободни ѕидари, поради што повторно се вратија предрасудите кои ги имаше јавноста. Покрај, надворешните негативни влијанија врз француските ложи, имаше и внатрешни несогласувања. Учителот по танц Lacome го наследи банкарот Baur на функцијата претставник Голем мајстор. Претседателот Peny, кој беше на чело на Големиот Оријен, сепак ги поддржуваше активностите на малограѓаните против аристократијата. Ова претставуваше причина да се појават голем број на внатрешни несогласувања.

Потоа во 1750 година Баронот Hund воведе “Строг надзор“ над работата на слободните ѕидари со цел да ја оживее работата на темпларите. Окултизамот почна да зема замав, особено во 1758 година, кога Madame de Pompadour го интронизираше Грофот од Сен-Жермен најпрво во Шамбор, а потоа во Версај.

Charles Montesquieu

Со цел да ги смири разбранувањата во ложата, Грофот од Шамбор го именуваше за свој претставник Генералот Châtillon de Joinville, благородник кој се спротивставуваше на малограѓаните. Големиот број на следбеници на Peny беа разрешени од своите должности, а несогласувањата помеѓу овие две “братски“ страни и понатаму растеше, па веќе во 1760 година дојде до раскол. Откако во 1776 година несогласувањето прерасна во конфликтни ситуации помеѓу браќата, Грофот од Шамбор донесе одлука за прекин на сите активности на слободните ѕидари се додека не се смири целата ситуација.

Louis Bonaparte

И после смртта на Грофот од Шамбор во 1771 година, не се продолжи со функционирање на активностите на слободните ѕидари. На крајот следбениците на Lacomeov успеаа да ја стекнат довербата на Војводата од Монморанси – Луксембург. Како братучед на кралот, тој располагаше со сите битни информации од дворецот и за Голем мајстор од негова страна беше предложен, а подоцна и избран Војводата Filip од Орлеанс и Шартр, кој потекнуваше од кралската фамилија. Војводата од Монморанси имаше многу заеднички работи со новиот Голем мајстор. Беше пристрасен кон строги морални принципи, противник на развртот во дворецот, се именуваше себе за генерален управник, всушност стана вистински лидер – допринесе во зајакувањето на сојузот. Во Ноември 1772 година е укината Големата ложа на Франција, која на 26 Јуни 1773 година, официјално беше преименувана во Голем Оријент на Франција. Од тој момент започна успешниот развој на обновеното француско ѕидарство. Со исклучок на шкотската ложа, Големиот Оријент ги обедини сите ложи и со тоа стана основа на француското ѕидарство.

Pope Clement XII

Филозофот Joseph de Maistre во 1773 година во Шамбери е примен во кругот на слободните ѕидари и врз основа на неговото познавање на симболиката на слободното ѕидарство стана еден од најистакнатите личност во тоа време.

Големиот Оријент во 1774 година го основаше својот прв голем домицил во денешниот “Reue Bonaparte Nr. 82” и започна многу брзо да се зголемува бројот на членовите и бројот на воените ложи. Овие ложи во кои најголем дел од челновите беа офицери од редовите на благородништвото заедно со пуковниците го ширеа слободно ѕидарскиот дух низ цела Франција.

Во целост никогаш не беше разјаснето или поткрепено со докази, но сигурно е дека Luj XVI беше слободен ѕидрар. Хроничарот и историчар кој се занимава со проучување на слободното ѕидарство, Louis Amiable во својот извештај од 01 Август 1775 година, наведува дека Кралот заедно со својот брат, Грофот од Артуа (подоцна Крал Karlo X) и Грофот од Прованса (Крал Luj XVIII) беа примени во кругот на слободните ѕидари и за таа цел во Версај беше основана ложата “La Militaire des Trois Fréres-Unis”.

Сепак, сеуште граѓаните од пониските слоеви не можеа да бидат дел од ложите, па сојузот во 1776 година броеше само 30.000 членови (најмал број во историјата).

На ден 8 Април 1778 година, астрономот Lalande во друштвото на слободните ѕидари го примија Voltaire, кој во тој момент имаше 84 години. На церемонијата за прием присуствуваше и лојалниот ѕидар Benjamin Franklin, кој во ложата пропаѓираше за независнот на Америка.

Францускиот авантурист Cagliostro, за кого кралицата заедно со Кардиналот de Rohanom издадоа наредба за апсење, поради афера со скапоцена огрлица, беше доволна причина повторно да се започне со нападите врз слободните ѕидари. Но, и покрај ваквите ситуации, слободното ѕидарство во Франција продолжи да се развива и да се примаат нови членови, продолжија да се приклучуваат од редовите на аристократијата како и голем број на свештеници.

Основањето на САД и изборот на Washington за Претседател на САД, претставуваа успех за целокупносто слободно ѕидарство. Особено овој успех му одеше во прилог на Големиот Оријент, бидејќи во претхониот период без престанок ја поддржуваше Америка и нејзината борба за слобода.

Пред почетокот на Француската револуција Големиот Оријент во Франција вклучуваше 629 ложи, од кои 65 во Париз и околу 50.000 членови. Сепак, во редовите на слободните ѕидари немаше голем простор за воведување на демократски елементи, бидејќи поголемиот дел од членовите беа претставници од благородништвото или од високата класа на општеството, па поради тоа беа многу малку заинтересирани за социјалната револуција. Иако, голем дел од браќата во ложите инсистира на одредени промени, но не беа во можност да воведат дел од нив. Сепак, нема вистина во тврдењата дека слободните ѕидари всушност ја подготвувале Француската револуција и  биле дел од организацијата. Револуционерните идеи, беа спроведени од страна на политичките здруженија, академијата и здруженијата во кои имаше дел од активните членови од редот на слободното ѕидарство, но ништо повеќе од тоа.

По започнувањето на Револуцијата, челниците на слободните ѕидари беа во не толку поволна ситуацијата. Голем дел до членовите не сакаа да дојде до пад на кралството. Веднаш во 1789 година во конфликтна ситуација се доведоа Големиот мајстор од Орлеанс кој беше за пад на кралстовот и Големиот мајстор од Монморанси – Луксембург, кој остана верен на Кралот. Додека благородништвото настојуваше да ги зачува своите бенефиции, претставниците од пониските слоеви го следеа Војводата од Орлеанс. Големиот Оријент се најде во незавидна ситуација, голем дел од ложите ги прекинаа своите активности откако Револуцијата зеде поголем замав. Еден од најголемите докази дека француските слободни ѕидари не беа дел до Револуцијата се согледува во фактот дека непосредно пред да започне Револуцијата во Франција имаше 629 ложи, а само една година подоцна овој број се намали на само 16 ложи. Претседателот на Основачкото собрание, Mounier на 6 Октомври 1789 година, кој не беше дел од слободното ѕидарство, изјави дека: “Ако оние кои се на власт ги уништуваат финансиите, ако сиромашните ги прават уште по незадоволни, сите делови од општеството ги доведуваат во состојба на безредие, а потоа ги повикнуваат народните пратеници и ги молат за нивна поддршка, тогаш е неизбежна револуција, дури и ако во неа нема ниту еден слободен ѕидар“.

Joseph de Maistre

Победата кај Валми (1792 година) и даде нов правец на Револуцијата. Иако Danton и Dumouriez беа слободни ѕидари, а на пруската страна беше Војводата од Брунсвик исто така слободен ѕидар, постои верување дека овие два табори донеле заедничка одлука дека нема да имаа меѓусебни конфликти. Но, и во случај оваа хипотеза да се потврди, повторно не може да се поврзат Револуцијата со слободното ѕидарство – бидејќи во тој период голем број од браќата беа убиени, прогонети или уапсени. Војводата од Ореланс, Големиот мајстор на Големиот Оријент, плашејќи се за својот живот на 22 Февруари 1793 година јавно во “Journal de Paris” се откажа од своите браќа и од слободното ѕидарство. Сепак, од гилотиња не се спаси и откако се откажа од кралот и од кралствот. Оваа предавство имаше огромно влијание врз слободното ѕидарство, голем дел од архивите беа оплачкани. Младата Револуција не поддржуваше никаки тајни друштва, а слободните ѕидари ги сметаше за предавници.

Robespierre, народниот трибун на Револуцијата, после неколку години влезе во редовите на слободните ѕидари. Презимето на неговиот дедо се појавува во една постара одредба од 1745 година во Kapitul Rosenkreuzer, која беше издадена од ложата во Арас.

Откако е прогласен мир, слободното ѕидарство повторно продолжи со својот развој. Ѕидар-мајсторот Alexander-Louis Roettiers de Montaleau, езотерик, откако е пуштен од затвор ја оживеа работата на ложата и го презеде водењето на Големиот Оријент. Тој претставуваше пример за слободен ѕидар, така што кај членовите повторно се влеа желбата за работа. Во 1799 година успеа да ги обедини француските подружници, така што од тогаш Големиот Оријент беше единствената ложа која е ауторизирана и признаена од кореспондентот – Големата ложа на Англија.

Многу често се појавува тврдењето дека Napoleon беше дел од слободните ѕидари. Во официјалните извештаи на Големиот Оријент, од 1805 година постојат записи дека Napolen “за време на својот поход во Египет, побарал и го пронашол ѕидарското светло, во Египет, земја во која се прапочетоците на слободното ѕидарство“. Врз основа на други тврдења, голема е веројатноста дека бил дел од работата на ложата во Нанси во 1797 година, а според други извештаи дека бил примен во една од ложите во Версај. Иако врз основа на денешните сознанија, немаме сигурни докази дали бил дел од масоните, сепак голем број од неговите блиски соработници беа дел од оваа друштво, со цел да има поголема можност да добива сознанија за работата на слободните ѕидари и да ги контролира. Во редовите на слободните ѕидари беше вклучен и неговиот брат Louis (подоцна го замени Канцеларот Cambacérés) кој беше назначен за Голем мајстор; потоа Голем администратор Маршалот Masséna; Голем повереникот сенатор Choiseul-Praslin; како Голем надзорниk бил именуван Murat; Lalande назначен за Голем говорник, адмиралот Magon за Голем мајстор за финансии; Голем експерт Маршалот Beurnonville и Macdonald, Голем архивар Kellermann: Sebastian именуван за Голем чувар на печатот. Исто така слободни ѕидари беа и следните француски Маршали: Sérurier, Mortier, Moncey, Soult, Oudinot, Ney, Bernadotte, Pérignon, Lannes и Poniatowsky.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi