Познати масони од Италија 1-дел.

17 јуни, 20110
0

Италија

Мултинационалниот состав на полуостровот, неговата мултиетничност, потчинетоста пред владата и црковните власти – се факти кои имаат оставено печат на развојот на италијанското ѕидарство.

Првите ложи се појавија во британските населби во големо населените места. Charles Sackville, Војводата од Мидлсекс, во 1733 година ја основаше првата ложа во Фиренца, а беше предводена од Лорд Henry Fox, а подоцна Лордот од Холандија и Државниот секретар Georg II. Од 1735 година, започна да се шири и низ другите градови: Рим, Милано, Сиена, Виченца, Венеција, а особено во Неаполското Кралство. Во 1734 година во Неаполското Кралство се формираа воени ложи од страна на бурбонските војници, кои беа регрутирани од страна на Karlo VII од Неапол, а подоцна Karlo III од Шпанија.

Charles Sackville

 

Надвојводата Giovanni Gaston Medici, прв јавно го забрани ѕидарството во 1737 година; но и покрај забраната, во Ливорно беше отворена ложа во која членовите беа католици, протестанти и евреи. Папата Clement XII во 1738 година јавно го искажа своето мислење за слободните ѕидари – “ѕидарите функционираат спротивно на законските правила и норми“. Папата беше загрижен поради фактот што во слободното ѕидарство членовите беа од различна вероисповед: “Здружувањето на луѓе од различни религии има негативно влијание врз душите на луѓето“.


Clement XII

 

Забраната од страна на Папата, беше различно примена од различни религии. Во Шпанија, веднаш беше спроведена забраната и слободните ѕидари се испраќаа на клада. Наспроти тоа, во Италија, се забрани ширењето на слободното ѕидарство поради што голем број на ложи се затворија. Во Рим, постоеше само една единствена ложа, Ложата на следбениците на Stuart, која отсекогаш беше поддржана од страна на Црквата. Eric Mellor за оваа ложа имаше напишано:“…Во Рим, во срцето на црквената држава, функционираше една јакобитска ложа…Како Мајстор од Исток беше именуван Лордот Wintown, петтиот Гроф од Сетона, следбеник на Stuart, кој исто како и Halliburton, Kilmarnock и други јакобити најдоа прибежиште во црквената држава.“

Црквената забрана остави голем печат, па дури и врз денешната ситуација – се уште е забрането пристапувањето кон ложите, а лицата кои ќе пристапат може да бидат казнети од страна на Катлочката црква, според одредбата од Конгресот за веронаука донесена на 28 Ноември 1983 година. Сепак, од тогаш па до денес, постојат одредени намалувања во однос на строгите одредби.

Во Неаполското Кралство прифатени беа воените ложи кои во поголемиот дел беа составени од кадети и подофицери, а само околку десет посто од трговци и свештеници, а се повеќе од претставници од повисоките слоеви. Неаполските ложи имаа обид во 1750 година да формираат Голема национална ложа под закрило на Кнезот од Сан Северо, но Кралот Karlo наредната година ги забрани сите активности поврзани со формирањето.

Во Неапол, во 1763 година се појави “Холандиска провинциска Голема ложа“, во која најголемиот број членови беа аристократите и архијереји.

Кон крајот на 1769 година беше основана англиската Провинциска Голема ложа, чии членови беа благородници, интелектуалци, светштеници.

Неаполската ложа во 1773 година, повторно ја основаше Националната Голема ложа под закрило на Кралицата Marie Caroline. Но, оваа ложа не беше дозволена од страна на Кралот Ferdinand IV.

Националната Голема ложа, најпрво се приклучи кон Строгите правила за во 1778 година да премине на ректифицираниот систем на Willermoz. Ломбардискиот директориум на ректифицираниот шкотски обред во 1788 година беше присилен да прекине со функционирање. На поттик од страна на Големиот Оријент на Франција, во 1784 година, се појави Големиот Оријент на Италија, но функционираше многу кратко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *