20ти Век
Слободниот ѕидар Ernesto Nathan, следбеник на Mazzini, во 1907 година стана градоначалник на Рим и совесно и чесно ја извршуваше оваа функција. На негово барање во училишната настава се воведе “Човекови права“ од Mazzini.Во периодот од 1896 до 1904 година и од 1917 до 1919 година, Nathan ја извршуваше функцијата Голем мајстор на Големиот Оријент на Италија.
Италијанското слободно ѕидарство, беше дел од италијанската политичка сцена – во парламентот имаше голем број на ѕидари, некои од нив беа именувани како шефови на влада и министри. Сепак, политиката не беше ставена во служба на ѕидарството.
Ѕидарот Bissolati во Парламентот во 1908 година поднесе барање за укинување на веронауката во школството. Но, покрај поддршката од страна на Големиот мајстор Ferrari, голем број слободни ѕидари во Парламентот се изјаснија против оваа барање. Поради ваквиот чекор, Големиот мајстор, предложи преземање на казнени мерки против лицата кои ја игнорираа неговата наредба. Иако Saverio Féra имаше обиди да ја одбрани постапката на слободните ѕидари, сепак немаше никаков успех. После овој настан, го напушти Големиот Оријент приграбувајќи дел од капиталот и документити, со цел основање на ѕидарски сојуз “Piazza del Gesù”, кој и денес функционира. Сепак, сеуште се смета за нерегуларен сојуз, а како причина се наведува начинот на формирање, како и поради неговата соработка со нерегуларното ѕидарство (мешовитото слободно ѕидарство).
Фашизам
Уште пред маршот во Рим, Големиот Оријент нагласи дека слободното ѕидарство никогаш не може да прерасне во партија.
Маршто на црнокошулците во Рим на 22 Октомври 1922 година, го донесе на власт Mussolini и многу брзо после тоа дојде до колапс на слободното ѕидарство. На 13 Февруари 1923 година, Mussolini ги повика фашистите да изберат помеѓу фашизмот и слободното ѕидарство.
Како реакција на оваа барање, од Сојузот излегоа голем дел од слободните ѕидари: Ballo, Rossi и Acerbo. Големиот мајстор Torrigiani го искажа својот став – дека се залага за слободата и за татковината, но според неговото мислење, фашизмот и слободното ѕидарство се неспоиви. Ловот на слободните ѕидари го достигна својот врв на 25 Септември 1925 година во Фиренца кога беше извршен масакар на голем број на браќа и беа уништени голем број на ложи.
Согледувајќи ја целата ситуација, Големиот мајстор, донесе наредба да се престане со функционирање на сите ложи. За време на војната, кога Големиот мајстор на ложата “Piazza del Gesù” во Палермо, се потчина на фашизмот, голем број од слободните ѕидари се приклучија во борбата за мир и слобода против фашизмот.
Поствоен период
По завршувањето на Втората Светска војна, Големиот Оријент на Италија и неговите ложи, повторно го започнаа своето функционирање. После двата раскола во 1947 и 1951 година, се воспостави соработка со поголемиот број на подружници со регуларни ритуали, така што во 1972 година и службено беше признаена од страна на Обединетата Голема ложа на Англија. Оваа признание вклучуваше и признавање на други слободно ѕидарсто овластувања, така што Големиот Оријент на Италија го признаа поголемиот дел на регуларни ложи.
Наспроти тоа, ставот на Црквата не беше добро намерен. Римската црква во 1974 година го ублажи својот традиционален непријателски став кон слободните ѕидарите, за повторно веќе во 1976/77 година низ весниците да продолжи со нивно напаѓање и осудување. После овие напади, голем дел од американските големи ложи го повлекоа своето признавање, а ставот на Црквата се зајакна уште повеќе после аферата на ложата Р2.
Р2
Во текот на осумдесетите години, слободното ѕидарство го доживеа својот најтежок удар кој беше насочен најмногу кон италијанското, а веројатно и против меѓународното ѕидарство. Скандалот на крајот резултираше со пад на тогашната влада. Големиот мајстор Mazzoni ја основаше во 1877 година, ложата “Propaganda Massonica” (P1), а листата на членови беше позната само на ѕидарите кои беа дел од власта со цел обединување на истакнатите членови од Сојузот, зачувување на дискрецијата и намалување на можноста од прогонување од страна на власта и Црквата.
На тој начин се создаде ложата која не беше отворена за сите ѕидари. После смртта на Mazzoni во 1887 година се формираше ложата “Propaganda Due” (или скратено:Р2) како противтежа на католистичиот Congregatio de propaganda fide (Конгрес за ширање на верата). Иако, за време на Втората светска војна, ложата беше укината, сепак по завршувањето на војната продолжи да функционира под истото име.
Licio Gelli, во 1965 година беше примен во ложата “Romagnosi” и знаеше на кој начин да ги продобие важните и угледните личности од италијанскиот јавен живот да се приклучат кон ѕидарството.
Со одобрение од страна на Врховниот Совет во 1967 година пристапи кон ложата Р2. Веднаш беше именуван за Мајстор од Исток, а ложата регуларно функционираше се до 1976 година, кога всушност беше укината од страна на Големиот Оријент иако во тој момент имаше 62 члена. Сепак Gelli знаеше која му беше целта, така што повторно ја формираше Р2, но ја именуваше како организација која нема никаква врска со слободното ѕидарство.
Поради, несмасна изјава која ја даде во еден весник во 1980 година, излезе на виделина вистината за Р2. После овој настан, следуваше истрага, судски порцес, поради што Gelli мораше да се повлече, а ложата беше затворена. Иако, после првото апсење успеа да избега, беше уапсен по втор пат и екстрадиран во Италија, каде што издржуваше краток период затворска казна.
Големиот Оријент од Италија веднаш го исклучи од своите редови, а откако настанот доби замав низ медиумите, новинарите имаа за цел да го прикажат слободното ѕидарство одговорно за злоделата и сплетките на Gelli и неговата организација.
Големите мајстори Armando Corona и Di Bernardo успеаа да ја вратат вистинската слика на својата ложа, да го вратат угледот на слободните ѕидари.
Без проблематичната Р2 ложа, италијанското слободно ѕидарство, повторно кон крајот на осумдесетите година ја постигна својата положба и кредибилитет. Во 1993 година Grande Oriente d’Italia вклучуваше 611 ложи (од кои 47 во Рим и Фиренца, а 39 во Торино), со околу 13.000 членови. Пет ложи функционираа на англиски јазик и според американските ритуали, чии членови во најголем број беа војници и офицери стационирани во Италија.