ПОЗНАТИ МАСОНИ ОД САД – ВТОР ДЕЛ

27 мај, 20111
Untitled

Во Унијата на Соединетите Држави во 1890 година е примен и Вајоминг како 44 сојузна држава. Од тогаш па се до 1952 година, сите гувернери на таа држава биле слободни ѕидари – но со еден исклучок. Тоа била сопругата на слободниот ѕидар William A. Ross, која самата била член на Ложата “Eastern Star”.

На почетокот на 19 Век, Американските слободни ѕидари ,морале да пребродат една тешка криза: Во 1826 година имало гласини дека одреден William Morgan сакал да издаде книга за слободното ѕидарство и да ги објави сите симбили, знаци на распознавање, церемонии, учења. Некои од слободните ѕидари кои жестоко се противеле на тоа, го киднапирале и сакале да го стават во Форт Ниагра во Канада и да го предомислат во врска со издавањето на книгата. Но Morgan успеал да побегне и да исчезне(наводно во 1831 година повторно се појавил во Смирна, а подоцна починал во Италија од природна смрт.) Но слободните ѕидари биле обвинувани за неговата смрт. Киднаперите на Morgan добиле затворски казни(но само за киднапирање не и за убиство), во тој период антимасонскиот бран ја преплавил цела Америка. Голем број на Ложи морале да ја прекинат секоја активност, а храмовите биле ограбени и запалени. Голем број на слободни ѕидари се повлекле од своите Ложи. Големата Ложа на ЊуЈорк, која во 1827 година имала 277 Ложи, во 1835 имала само 31.

Следниот председател на САД, Millard Fillmore(бил председател од 1850 до 1852 година) ја искористил аферата поврзана со Morgan за тешки напади врз слободните ѕидари. Во ЊуЈорк 1828 година постоела дури и “Антимасонска партија”, a Fillmore како нејзин кандидат бил избран во Њујоршкото законодавно собрание.

Но вемето ги излечило раните, откако председателот Andrew Jackson одлучно се заложил за слободното ѕидарство, тоа во 1838 повтоно земало замав. Во 1848 година еден настан предизвикал раздвојување на Големата Ложа на ЊуЈорк, кое траело 9 години. Од тогаш Големата Ложа константно се зголемувала и дала поттик за формирање голем број на институции со социјални цели. Градбите на слободните ѕидари во ЊуЈорк навистина се монументални. Особеност на ЊуЈорк представува големиот број на Ложи кои работат на странски јазик(30). Најстара од нив е “Union française Nr.17” која е формирана 1797 година. Другите работни јазици се Германски, Италијански, Шпански и Грчки. Големите Ложи на ЊуЈорк и Масачусетс формирале голем број на интернационални Ложи. Речиси 10 од нив во Либан морале да ја прекинат својата активност поради граѓанската војна.

Ќе наведеме еден пример за тоа како во Америка во 20-тиот Век, да се биде слободен ѕидар немало никакво негативно значење. Во 1931 година Anton J. Cermak син на Чешки рудар се кандидирал за градоначалник на Чикаго. Неговиот изборен програм бил “чистење на градот од криминал и корупција”. Со укажување на неговата припадност кон слободните ѕидари, неговите противници сакале да му наштетат, но сепак тој со голем број на гласови бил избран за градоначалник. Факт е дека духот на слободните ѕидари имал големо влијание врз историјата на САД: Декларацијата за независност, Уставот и борбата против ропството, несомнено носат печат за идеалите на слободното ѕидарство. Во 1930 година бројноста на слободните ѕидари во САД изнесувала 3,5 милиони членови од вкупниот број на членови во Светот кој изнесувал 4,4 милиони. Во 1995 година Американското слободно ѕидарство со својата важност доминирало на меѓународната сцена, тоа содржело 51 Голема Ложа(во секоја сојузна држава по една), 13394 Ложи со 2.353793 членови, да не ги заборавиме огромните финансиски средства.

Мора да се знае дека слободни ѕидари биле голем број на председатели, започнувајќи од најважниот George Washington, како и сите одговорни автори на веќе споменатите основачки документи. Исто така треба да се потсетиме на контактите на тие луѓе со нивните браќа во Франција (Benjamin Franklin и Markiz de Lafayette)кои играле непроценлива улога во Француската револуција. Прогласувањето независност во 1776 година довело до Декларација за човековите права во 1789 година.

Покрај веќе споменатите 51 јурисдикции во САД, постои уште една во Порторико, која е формирана во 1885 година со 71 Ложа и 3800 членови. Големата Ложа на Вашингтон има 5 Ложи на Аљаска, Големата Ложа на Масачусетс има 4 Ложи во Панама, во Чиле има 3, на Куба 1, во Токијо 1 и во Кина има 4 Ложи.

Американското слободно ѕидарство има одредени посебности кои треба да се истакнат. Браќата често им дозволуваат на семејствата да учествуваат во активностите на Ложата. Така да голем број на сопруги на слободните ѕидари припаѓаат на парамасонски организации: “Order of the Eastern Star”, “Order of Amaranth” и т.н. Ќерките можеле да бидат членови на “Order of Job’s Daughters” или “Order of the Rainbow”. Момчињата до 21 година имале свој “Order of De Molay”. Не е реткост во големите центри да се најдат и по 1000 членови, но вообичаено другите Ложи имаат од 200 до 800 членови. Ложите со помалу од 100 членови се приклучуваат кон други Ложи, поради високите трошоци за одржување на сопствен храм.

Последниве години бројот на членови во Ложите енормно се намалува. Конкуренцијата на сервисните клубови е многу голема со оглед на тоа што тие се многу распространети и активни во поглед на добротворните активности. Тоа сосем јасно се прикажува во статистиката на Големата Ложа на Калифорнија:

 

 

Година        Број на членови      Број на Ложи

1987                    164.676                     –

1988                    159.516                     554

1995                    115.950                     –

1996                    112.055                     440

2002                      84.731                     368

Во последните 15 години бројот на членови е скоро преполовен. И во другите големи Ложи во САД се јавува истата тенденција на намален број на членови.

One comment

  • Brzi

    5 јули, 2011 at 14:48

    Ovde pa i zemive da ne ostanat pokusi i oni formirale lozi, bre bre, da ne sedat doma i dremat dodeka nivnite mazi go vrtat svetot.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi