Познати масони од Велика Британија – 2 дел

6 јуни, 20110
aaaaaaaa

Ирска

За развојот на ирското слободно ѕидарство постојат многу малку податоци. Според грофот од Корк, кој во 1588 година патуваше низ Ирска, во своите документи ги опишува блиските односи помеѓу Бристол и Даблин кои се остварени благодарение на слободните ѕидари кои во тој период изработуваа камења и истите ги пренесуваа со бродови до Англија. Во Даблин и денес се наоѓа еден таков слободно ѕидарски камен кој датира уште од 1602 година. Во 1721 година еден даблински весник има објавено натпис за одржан состанок на масоните, а во 1725 година пишува за прославата на Големата ложа на празникот Св. Иван и ја опишува поворката која поминала низ улиците на Даблин и се упатила кон храмот. На тој ден, всушност е избран грофот од Рос за прв Голем мајстор на Големата ложа на Ирска.

Големата ложа на Ирска му ја довери најодговорната работа на John Pennel, кој требаше во периодот 1728/1729 година да напише книга со основните постулати врз основа на Постулатите на Anderson. Наредните година Големата ложа на Ирска доживеа просперитет, издадени се повеќе од 700 одобренија за основање на ложи.

Со изборот на два Големи мајстори во 1740 година дојде до поделба и до франкции, но несогласувањата беа надминати во 1742 година. Во периодот од 1789 до 1812 година, во време кога поголемиот дел од слободните ѕидари беа католици за Големи мајстор на Големата ложа на Ирска беше избран протестант, Richard Hely Hutchinson, Лорд Donoughmore втори . Иако беше протестант, сепак се залагаше за политичка рамноправност на католизмот во Ирска. За време на војната против Франција, во 1793 година на свој трошок финансираше полк составен од доброволци слободни ѕидари, а беше предводен од неговиот брат. (Masonic or Royal Irish Volunteers).

Alexander Seton во 1808 година предизвика кратко одвојување на северната ложа бидејќи додека ја извршуваше функцијата Голем секретар на Големата ложа сакаше да извлече економска корист. Лордот Donoughmore во 1810 година во Домот на лордите одржа говор за “Catholic Petition” т.е. за рамноправноста на католиците, а во 1825 година иако тешко болен, беше дел од одлучувачкото гласање во Парламентот. Војводата од Ленстер, внук на Војводата од Ричмонд (1725 година беше Голем мајстор на Големата англиска ложа) во 1813 година е избран за Голем мајстор на Големата ложа на Ирска и ја извршуваше оваа функција се до 1874 година. Во тоа време требаше да се намали незадоволството кое се појави меѓу слободните ѕидари: се до 1804 година се зголемуваше бројот на ложите и достигна 951 ложа, за до крајот на векот да се намали на 700. Беа наведени две причини за намалувањето на бројот на ложите – зголеменото иселување на Ирци во прекуморските држави и во зајакнувањето на католизмот во Ирска.

Големата ложа на Ирска во 1998 година управуваше со 13 провинциски Големи ложи кои вклучуваа повеќе од 50.000 членови, од кои 730 ложи се во Ирска, а околу 100 ложи во странство (најголем дел во поранешните британски колонии).

Шкотска

Шкотските слободни ѕидари делуваа под кралскиот протекторат. Фамилијата Sinclair од Рослин од кралот Jakov II ја добија функцијата Голем мајстор на шкотските ложи. Најстари познати ложи од тоа време беа: “Mary’s Chapel” (Единбург, уште пред 1598); “Mother Kilwinning” (пред 1598); “Melrose St. John” (датира уште пред 1598) и “Aberdeen” (1670). Шкотската ложа се разликува од англиската бидејќи има поставена поразлична хиерархија. Ѕидарот кој ѕидал камен без малтер се нарекуваше cown, а подоцна каменорезач. Под називот прифатен научник, се подразбира слободен ѕидар, научник кој не го посетуваше седумгодишниот ѕидарски занает. Исто така, беа воведени и лозинки за поединечните рангови во ложата, поради што беше потребно да се придржуваат кон строго утврдена хиерархија. Започнувајќи до 17 Век, во шкотската ложа почнаа да се примаат и лица кои не беа слободни ѕидари, ваков пример се согледува во 1727 година кога за Мајстор од Исток (претседавател) на ложата Mary Chapel, бил назначено лице кое не беше слободен ѕидар.

После посетата на Шкотска од страна на англискиот Голем мајстор Désaguliers, се родила идеата за основање на Голема ложа. Откако William Sinclair од Рослин се откажа од своите наследнички права, во Единбург на празникот Св. Андреј (30 Ноември 1736 година) се собрале 33 ложи и ја формирале Големата ложа на Шкотска, а за свој прв Голем мајстор беше сепак именуван William Sinclair од Рослин.

Во 1744 година, помеѓу двете најстари ложи “Mary’s Chapel” и “Kilwinning” се појави недоразбирање во однос на прашањето која од нив е постара ложа и на која треба да и припадне првото место. Конфликтот е окончан во 1815 година кога се донесе декрет на Големата ложа, според кој “Kilwinning” се откажа од своите посебни права и доби матичен број 0 (“Nothing”), а “Mary’s Chapel” го доби бројот 1.

Од 1747 година во Шкотска се основани воени ложи; првата била под водство на Војводата од Норфолк, а вкупно имало преку 500. Слично како и кај Големата ложа на Англија, Големата ложа на Шкотска имаше голем подем и лесно се ширеше низ цела британска империја; во Азија, Африка, Австралија и западна Индија се именуваа шкотски провинциски Големи мајстори, а во Индија дури е именуван и Голем мајстор. Во шкотското слободно ѕидарство се вклучуваа и домородците од британските колонии и овозможи влез на голем број на индијци.

Помеѓу шкотското и англиското слободно ѕидарство имаше тесна поврзаност, така што Принцот George од Велс (подоцна Крал Georg IV) ја доби функцијата шкотски Голем мајстор, а после него следуваа: во 1820 година William IV, па Принц Edward од Велс (подоцна Edwared VII). Сé до денеска за Големи мајстори се именуваат од редовите на шкотско благородништво.

Големата ложа на Шкотска во 19 Век се карактеризира со постојан и урамномерен развој. Денес Големата ложа на Шкотска вклучува 665 ложи (поделени на 32 провинциски Големи ложи) и 499 ложи надвор од Шкотска или вкупно 300.000 членови.

 

Листа на познати масони од Велика Британија

Albany, Leopold Georg Duncan Albert, војвода (1853-1884), брат на Крал Edward VII; во 1874 година примен е на оксфордскиот “Apollo University Lodge Nr. 357”; во 1875 година е избран за провинциски Главен мајстор во Оксфордшир; 1877 година Прв Голем надзорник на Големата ложа.

Ampthill, Лорд Arthur Oliver, Барон Ampthill од Амптхил (1869-1935), приватен секретар на Joseph Chamberlain во Државниот секретаријат за колонии. Гувернер од Мадрас, поткрал и генерален гувернер на Индија. Благајник Голем мајстор на Големата ложа на Англија.

Blayney, Cadwallader, Барон (1720-1775). Во периодот 1764-1767 година именуван за Голем мајстор на “Модерната“ ложа.

Blesington, William, гроф (1709-1769). Од 1756 до 1760 именуван за Голем мајстор на “Старата“ ложа.

Buchan, David Stuart Erskine, 11ти Гроф (1742-1829), политичар. Овозможи намалување на влијанието на владата врз изборот на шкотското благородништво и ја основаше “Society of Antiquities of Scotland”. Во текот на својот живот има напишано богата збирка на биографии, есеи и романи. Голем мајстор на Големата ложа на Шкотска во периодот 1781-1782 година.

Burnham, Harry Lawson, Виконт (1862-1933), конзервативен политичар. Претседател на британското здружение на новинари; член на Долниот дом; ректор на Универзитетите во Лондон; Претседател на Конференцијата за работа во Женева во периодот 1921-1922. Примен во “Apollo University Lodge Nr. 357”, во Оксфорд.

Caryfort, John, Барон (1720-1772), член на Парламентот; Министер на морнарицата. Голем мајстор на Големата англиска ложа (1752-1753 година).

Chesterfield, Philipp Dormer Stanhop, Гроф (1694-1773), политичар. Претседател на Долниот дом и сметководител во англиските дворци; во Хаг имаше влијание врз приемот на Franje I. Lotarinškog меѓу слободните ѕидари.

Churchill, Sir Winston Leonard Spencer (1874-1965). Најпрво службеник, а потоа воен известувач за време на Бурската војна (1899-1900); во 1904 година помина од конзервативците во либералите. Најпрво Министер за трговија 1908/1909 година, а потоа Министер за внатрешни работи 1910/1911 година. Од 1911 година додека беше Министер на морнарицата поттикна акција за наоружување на флотите, но после неуспехот на воената експедиција Дарданел во Првата Светска војна мораше да се повлече. Додека ја извршуваше функцијата Министер на воздушното воздухопловство (1918-1921) беше доследен заговорник за реализирање на здружена интервенција во советска Русија.После распадот на Либералната партија повторно се приклучи кон конзервативната. Беше Министер за финансии (1924-1929), а во текот на Втората Светска војна, поради притисокот на народот повторно е именуван за Министер на морнарицата. Пред почетокот на походот против Франција е назначен за Премиер (на 10 Мај 1940), а во 1941 година со американскиот Претседател F.D. Roosevelt ја објавија Атланската повелба. Исто така, учествуваше на конференциите во Техеран, Казабланка, Каиро и на Јалта. Кон крајот на војната сакаше да го спречи привременото ширење на советската моќ, меѓутоа не беше поддржан од страна на Roosevelt. После поразот на конзервативците на изборот во Јули 1945 година, за време на одржувањето на Потсдамската конференција се повлече од политичката сцена, за повторно да биде именуван за Премиер во периодот 1951-1955 година. Churchill е докажан сликар и писател (во 1953 година му е врачена Нобеловата награда за книжевност). Како слободен ѕидар е примен во 1901 година во “United Studholme Lodge Nr. 1591” во Лондон, а подоцна стана член на “Rosemary Lodge Nr, 2851” исто така во Лондон.

Clarence Avondale, Albert Victor, Војвода (1864-1892); најстар син на Принцот од Велс (подоцна Крал Edward VII). Во 1885 година е примен во “Royal Alpha Lodge Nr. 16” од страна на неговиот татко, а веќе во 1890 година стана провинциски Голем мајстор во Беркшир.

Cobham, Лорд Richard (1669-1749), генерал и член на англискиот Парламент, а потоа именуван за маршал. Од 1725 година е член на ложата “Queen’s Head” во Бат.

Connaught, Arthur Fridrik Patrick Albert, Војвода (1883-1938), син на Arthur William; именуван за главни управител на Јужна Африка во 1920 година; во присуство на неговиот татко е примен во “Royal Alpha Lodge Nr. 16” во 1911 година; исто така, член на “Wellesley Lodge Nr. 1899”; 1924 година назначен за провинциски Голем мајстор во Беркшир.

Connaught Strathearn, Arthur William, Војвода (1850-1942); брат на Кралот Edward VI; ја наследи функцијата Голем мајстор од неговиот брат во периодот 1910-1939, а пред тоа беше провинциски Голем мајстор во Сасекс. Принцот Arthur William влезе во “Prince of Wales Lodge Nr. 259”, на 24 Март 1874 година.

Cumberland, Heinrich Fridrik, Војвода (1745-1790), син на Кралот George II. Во “Royal Lodge” е примен во 1767 година, во 1782 година именуван за Голем мајстор.

Derby, Edward George (1865-1948), дипломат и политичар. Повеќе пати именуван за министер, а за време на Првата Светска војна во периодот од 1922 до 1923 година назначен на позицијата Државен секретар во службата за воени активности; од 1918-1920 Амбасадор во Париз. Голем надзорник во англиската Голема ложа и провинциски Голем мајстор на источен Ланкашир.

Disraeli, Benjamin, од 1876 гроф од Беконсфилд (1804-1881), британски политичар и писател. Потекнува од Италија од еврејска фамилија; во 1817 година пристапи кон Англиканската црква; 1848 година ги предводи конзервативците во Долниот дом. Додека ја извршуваше функцијата Министер за финансии (1852, 1858-1859, 1866-1868 година) ги поддржа изборните реформи од 1867 година со надеж дека на тој начин ќе придобие голем број на работници. Додека ја извршување функцијата Премиер (1868 и 1874-1880) ги поврза своите конзервативни идеи со империјалистичките. Во 1875 година откупи голем дел од акциите од Суецкиот канал за Велика Британија; 1876 го иницираше прогласувањето на кралицата Викторија за кралица на Индија; за време на Берлинскиот конгрес во 1878 година успешно се спротивстави на руските планови за Балканот и од Турција доби согласност за поделба на Кипар. Внатрешно-политички гледано, 1875 година се карактеризира со донесување на Законите за подобрување на здравството и за осигурување на правниот статус на синдикатот.

Edward VII (1841-1911), Крал на Велика Британија и Ирска, Цар на Индија (1901-1910). Најстар син на Кралицата Викторија и Кралот Albert von Sachsen-Coburg-Gotha; го поттикна создавањето на британско-францускиот антанта. Додека беше Принц од Велс (1975-1901) ја извршуваше функцијата Голем мајстор на Обединетата Голема ложа на Англија. Примен во редовите на слободните ѕидари во 1868 година во Стокхолм, од страна на шведскиот Крал Karlo XV. За време на неговото извршување на функцијата, Големата ложа на Англија имаше голем подем – бројот на ложи од 1.200 порасна на преко 3.000.

Edward VIII (1894-1972), Крал на Велика Британија и Северна Ирска (1936); го наследи престолот на 20 Јануари 1936, но се повлече на 11 Декември 1936 година, бидејќи владата и црквата на Англија се спротивставија на неговата венчавка со разведената американка Wallis Warfield-Simpson. После стапувањето во брак (1937 година) се пресели во странство и ја наследи титулата Војводата од Виндзор. Во 1919 година примен во “Household Brigade Lodge Nr. 2614”, а во 1922 година именуван за Прв Голем надзорник; во 1936 година стана Голем мајстор на англиската Голема ложа.

Filip, Принц на Велика Британија и Северна Ирска (од 1957 година), Војвода од Единбург (од 1947); син на Принц Andreas од Грчка и Принцезата Alice од Батенберг; во 1947 година доби британско државјанство под името Mountbatten; во 1947 година се венча со британската Кралица Elizabeta II.

George IV (1762-1830), Крал на Англија и Хановер (1820-1830). Го прогласи Хановер за кралство. Од 1820 година секогаш во центарот на вниманието поради водењето на безуспешниот процес за развод со неговата сопруга Принцезата Karolina. Во 1811 година од татко му го презеде регенството; 1819 година го усвои Уставот на Хановер. Уште како Принц од Велс е примен во ложата; во 1790 година избран за Голем мајстор, а откако го наследил престолот. Во периодот од 1805 до 1820 година беше Голем мајстор на Големата ложа на Шкотска.

George VI, (1895-1952), Крал на Велика Британија и Северна Ирска (1936-1952), втор син на Крал George V; додека беше Војводата од Јорк (1920 година) се посвети кон подобрување на заштитата на младите. Откако абдицираше неговиот брат Edward VIII го презеде престолот; во 1948 година се откажа од титулата Цар на Индија. Во 1919 година стана член на лондонската “Navy Lodge Nr. 2612” во која беа вклучени само поморски офицери и маринци. За Голем мајстор назначен во 1936 година на Големата ложа во Шкотска, а 1938 година на Обединетата Голема ложа на Англија.

George, Edward Alexander Edmund (1902-1942), брат на Крал George VI. Примен во “Navy Lodge Nr. 2612” во 1928 година, а во 1934 година именуван за Голем мајстор на Вилтшир.

Gloucester, Wilhelm Heinrich, Војвода (1743-1805), син на Крал George II. Примен во 1766 година од страна на Големиот мајстор Лорд Blayney; во 1767 година именуван како Голем мајстор.

Gloucester Edinburgh, Wilhelm Fridrik, Војвода ( 1776-1834), маршал, син на Wilhelm Heinrich. Во “Britannic Lodge” беше примен во 1795 година, за веќе во 1796 година да стане Голем мајстор.

Grey Edward, Виконт од Фалодон (1862-1933), државник. Во периодот 1905-1916 година ја извршуваше функцијата Министер за надворешни работи во кабинетот на либералот Asquitha и Campbell-Bannerman. За време на балканската криза (1912-1913 година) посредуваше помеѓу големите сили и настојуваше да го спречи започнувањето на Првата Светска војна. Ја поддржуваше идеата за обединување на народите. Член на “Apollo University Lodge Nr. 357” во Оксфорт.

Kent Strathearn, Edward, Војвода (1767-1820), брат на Кралот Wilhelm IV, татко на Кралицата Викторија. Војсководец и дел од битките во Северна Америка. Во 1790 година е примен во женевската ложа “Union des Coeurs” и истата година именуван за Голем мајстор и провинциски Голем мајстор на Гибралтар; 1813 година избран за Голем мајстор на Големата ложа на Старите.

Leverhulm, William Hesketh, Виконт (1851-1925), индустријалец; основач на фабриката за сапун Sunlight. Како либерален член во Долниот дом го изработи нацрт Законот за воведување на осигурување (врз основа на старост или работен стаж). Почесен Доктор на Универзитетот во Единбург. По завршувањето на Првата Светска војна во своите погон го намали работното време на шест часа. Голем надзорник во англиската Голема ложа.

Montagu, John, Војвода (1690-1749), филантроп; еден од најбогатите благородници. Имаше голем број на високи функции во дворецот: Голем мајстор во Батховите редови, носител на скиптарот на Крал George II; Министер на правда; дел од “Royalty Society”. Член на “Cornerstone Lodge”  една од четирите најстари ложи, која заедно со “Bear and Harrow” и “Butscher Row” заедно почнаа да функционираат на Св. Иван во 1721 година.

Montefiore, sir Moses, Баронет (1689-1755), филантроп; на чело на британските евреи. За време на прогонот на евреите во тој период, Montefiore не уморно им помагаше. Член на “Mount Moriah” ложата во Лондон, која денеска го носи неговото име.

Onslow, Richard William Alan, Гроф (1876-1945), политичар. Министер на морнарицата, Министер за здравство, секретар во Парламентот за школство. Млад Голем надзорник во англиската Голема ложа.

Panmore, Лорд Fox, подоцна Гроф Dalhousie (1801-1874), политичар; во периодот 1846-1852 година и 1855-1858 година беше Министер за воени активности; 1857-1861 година именуван за Благајник Голем мајстор во Големата ложа на Англија.

Roberts, Frederick Owen (1876-1941), политичар. Претседател на Националниот извршен одбор на Лабуристичка партија, во периодот 1924 и 1929-1931 година Министер за пензионерите. Член на лондонската “New Welcome Lodge Nr. 5139” чии што членови се исклучиво од Парламентот од Лабуристичката партија.

Rosslyn, William Sinclair, Гроф (1700-1778); изградил капела (без олтар) во близина на Единбург каде шкотските слободни ѕидари секоја година требаше да ги одржуваат своите собири. Поради проблеми во кругот на неговото семејство, Rosslyn ја напушти функцијата Голем мајстор. На церемонијата за изборот на првиот Голем мајстор на новосоздадената Голема ложа на Шкотска, беше повторно поканет да присуствува.

Stanley, Лорд Edward Montagu Cavendish (1894-1938), син на 17от Гроф Derbyj; политичар. Во периодот 1927-1929 година беше именуван за Претседател на Конзервативната партија. Втор Голем надзорник на Големата ложа на Англија.

Sussex, Augustus Frederick, Војвода (1773-1843), брат на Кралот Vilim IV. Се залагаше за укинување на трговијата со робови; одлично се бореше за добивање на рамноправност на католизмот во Ирска и за воведување на реформи во Парламентот. Во 1798 година примен во берлинската ложа “Zur siegreichen Wahrheit”, а исто така беше член на “Prince of Wales Lodge Nr. 1805”. Голем мајстор во 1811 година; делегиран Голем мајстор во 1813; после повлекувањето на Принцот од Велс (подоцна Крал George IV) стана Голем мајстор на “Модерните“.

Wellington, Arthur Wellesley, Војвода од 1814 година (1769-1852), маршал (од 1815 година) и политичар. Најпрво офицер во источна Индија; главен командант на британскиот експедициски корпус во Португалија и Шпанија (1808-1814 година); во 1815 година ја претставуваше својата држава за време на Конгресот во Беч.Заедно со Blücherom во 1815 година го победија Napoleon во битката кај Ватерло. За време на неговиот мандат како Премиер (1828-1830 година) даваше поддршка за воведување на рамноправност на католизмот; од 1834 до 1835 ја извршуваше функцијата Министер за надворешни работи. Во 1790 година примен во Ложата Nr. 494, во која беа и неговиот татко и брат, иако подоцна одрекуваше дека имал било каква поврзаност со слободните ѕидари.

Wharton, Philipp, Војвода, Гроф од Англија (1698-1731). Од 1717 година член на англискиот Горен дом, но сепак премина во јакобистите и успеа да ја собори виговската влада. Во 1722-1723 година се прогласи сам за Голем мајстор на Големата ложа на Англија; 1725 година заминува за Беч, а во 1726 година беше испратен како претставник во Мадрид од страна на престолонасленикот Karlo Edward.

Wilhelm IV (1765-1837), Крал на Велика Британија, Ирска и Хановер (1830-1837 година). По стапките на неговиот брат George IV, овозможи во 1832 година реализација на реформите во Парламентот (“Reform Bill”). Со неговата смрт се означува крајот на унијата помеѓу Велика Британија и Хановер.

Wilson, sir Leslie Orme (1876-1955), политичар. Во периодот 1921-1923 ја извршуваше функцијата организациски секретар на конзервативната партија; од 1923 до 1928 година беше управител на Бомбај; управител на Квинсленд од 1931 до 1946 година. Стана Голем мајстор на Големата ложа во округот Бомбај во периодот од 1923 до 1928 година.

York Albany, Eduard Augustus, Војвода (1739-1767), син на Крал George II; примен во берлинската ложа “L’Amitié” во 1765 година, а веќе во 1767 година именуван за заменик Голем мајстор на Англија.

York Albany, Fridrik, Војвода (1763-1827), брат на Крал George IV. Примен во кругот на слободните ѕидари во 1787 година од страна на Големиот мајстор Војводата од Камберленд, а подоцна член на “Prince of Wales Lodge”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi