Листа на познати масони во САД

1 јуни, 20112
Untitled30-615x272

Adams, Samuel (1723-1803), политичар, потекнува од северна Америка. Уште пред Frenklin и Otis, Samuel е првиот политичар кој се заложил за независнот на Англија. Од 1771 до 1781 година бил член на Континенталниот конгрес, потписник на Декларацијата за независнот и гувернер на Масачусетс.

Samuel Adams

Allan, Ethan (1739-1789), борец за слобода. Предводник на нелегалната група “Green Mountain Boys” која се борела за слободата на северноамериканските колонии.

Cameron, Simon (1799-1889), генерал и политичар. Предвоник на Републиканската партија; Сенатор; во 1860 година министер во владата на Линколн; американски претставник – пратеник во Русија; Претседател на Одборот за надворешна соработка во Сенатот. Во 1826 година влегол во “Perseverance Lodge Nr. 21” во Харисбург (Пенсилванија).

Clinton, De Witt (1769-1828), политичар. Сенатор, Гувернер на Њујорк државата; се залагал за формирање на бесплатно државно школство. Од 1806 до 1830 бил Голем мајстор во Големата ложа на Њујорк.

Dawis, John William (1873-1955), Потпретседател. Адвокат и банкар, член на Републиканската партија; во периодот од 1923 до 1924 година Претседател на меѓународната Стручна комисија која го има изготвено Дависоновиот план. Од 1925 до 1929 година бил Потпретседател на САД, а 1929-1932 пратеник во Лондон. S.J.A. Chamberlain во 1925 година му врачил Нобелова награда за мир.

Franklin, Benjamin (1706-1790), државник, биолог и писател. Најпрво работел во печатница, а подоцна во книжара; од 1729 година во Филаделфија издавал весник и алманах (Poor Richard’s Almanack). Станал познат во јавноста по неговиот изум – громобранот (1752) и по својата работа во областа на физиката. Од 1757 до 1775 (со мали прекини) во Лондон ја претставувал Пенсилванија; 1776 година потписник на Декларацијата за независност. Во периодот од 1776 до 1785 година престојувал во Франција како претставник на американската влада и успеал да издејствува склучување на француско-американски сојуз и склучување на мир во 1783 година. Имал голем удел во формирањето на Уставот во 1787 година; Benjamin претставува симбол за просветитeл во Америка. Со идеата за слободното ѕидарство прв пат се сретнал во Лондон, а во Филаделфија  побарал можност да влезе во ложата иако имал многу мали шанси за влез. Членовите од “St. Ivan from Jerusalem”  немале високо мислење за него, бидејќи припаѓал на пониската класа во општеството, но сепак во 1731 влегол во ложата. Според податоците на Големата ложа во Англија, Benjamin во 1760 година бил во посета на Англија, а откако е потпишанa спогодбата за завршување на војната, тој доаѓа во Париз каде се вклучил во ложата “Les Neufs Sceurs”. Од 1779 до 1782 година Franklin бил именуван за Мајстор на Исток. Иако бил американски граѓанин, сепак во Париз му оддавале голема почит.

Benjamin Franklin

Hamilton, Alexander (1757-1804), генерал и политичар. Во северноамериканската војна за независнот во периодот 1777-1781 година, бил помошник на G. Washington; потоа адвокат во Њујорк; соработник во поставувањето на новиот американски Устав. Како предводник на “Federalist Party” се залагал за поставување на појака власт; прв министер-ризничар во САД (1789-1795) кој ја основал Националната банка и успеал да ги ограничи енормните трошоци на државата; противник на демократската програма на T. Jefferson. Убиен е од страна на политичкиот противник Aaron Burr во двобој.

Hancock, John (1737-1793), државник. Прв потписник на Декларацијата за независност; 1775-1777 година бил Претседател на Континенталниот конгрес; прв Гувернер во Масачусет. Во 1762 година е примен во “Merchants Lodge” во Квебек (Канада), подоцна член во бостонската ложа “St. Adrews Lodge”.

Hoover, J. Edgar (1895-1972), директор на ФБИ. Американски криминолог; во1924 година станал директор на ФБИ; 1925 година ја има воведено картотеката за отисок од прсти. Член е на “Federal Lodge Nr.1” и “Justice-Lodge Nr. 46” во Вашингтон Д.С.

LeGuardia, Fiorelo H. (1882-1947), политичар. Градоначалник на Њујорк. Во 1913 година бил примен во “Garibaldi Lodge Nr. 542” во Њујорк.

Macdonald, sir John Alexander (1843-1901), политичар. Канадски министер; Претседател во периодот 1863-1873 и 1878-1891 година. Член на ложата “St. John’s Lodge” во Кингстон/Онтарио.

Marshall, George C. (1880-1959) генерал и политичар. Иницијатор на Маршаловиот план; 1939-1945 година ја извршува функцијата Началникот на Генералштабот и воен советник на Претседателот F.D. Roosevelt; 1945-1946 година е специјален пратеник во Кина каде залудно имал обиди да постигне спогодба помеѓу Chiang Kai-shek и комунистите. Од 1947 до 1949 година бил Министер за надворешни работи, а во периодот од 1950-1951 Министер за одбрана; иницијатор за Маршаловиот план (1947 година била осмислена програмата за помош на опустошените европски градови после Втората светска војна; отфрлен од страна на Источниот блок, па затоа од 3 Април 1948 година се реализирал само во Западна Европа; оваа програма опфаќала материјална помош и кредити, а до 1952 година изнесувала 13 милијарди американски долари). Во 1953 година Marshall добил Нобеловата награда за мир. Во друштвото на слободни ѕидари бил примен “at sight” на 16 Ноември 1941 година од страна на Ara N. Daniel, Големиот мајстор во областа Колумбија.

Smith, Josef (1805-1844), основач на мормонизмот.  Во 1830 година ја основал Црквата Исус Христос. Мормоните се карактеризираат со патријархално-хиерархиски структура, строги морални принципи, откажување од било какво уживање како и силна мисионерска усмереност. Неговото залагање за полигамија (укината во 1888 година) предизвикала бурни напади и на крајот резултирала со негово убиство. Примен во 1842 година во “Nauvoo Lodge” Илиноис иако подоцна е исклучен од ложата.

Познати Претседатели масони во САД

Washington, George (1732-1799) прв Претседател на САД (1789-1797година). Одгледувач на тутун; како полицаец во Вергинија се бореше од 1754 против французите и индијанците во долината Охајо; 1758-1774 член на Градското собрание во Вергинија; се придружил во движењето за независнот и бил дел од Првиот и Вториот континентален конгрес. На чело на колонијалната војска (1775-1783) со помош од Франција успешно ја завршил северноамериканската војна за независнот со победа над британските единици во Јорктаун (на 19 Октомври 1781). Во 1787 година станал Претседател на Конституционото собрание; 1789 година бил избран за првиот Претседател на САД (реизбран во 1792). Washington ја застапувал идеата за силна централна власт; се залагал за постигнување на спогодба со Велика Британија и успеал да ја задржи неутралната страна за време на војните во Европа и за време на Револуцијата; во внатрешната политика прв го основал кабинетот. Washington е еден од најпочитуваните Претседатели, а неговиот имот во Маунт Вернон прерасна во национален музеј.

Washington покажал голема заинтересираност за слободното ѕидарство. Во 1752 година влегол во “Fredericksburg Lodge Nr. 1” од Вергинија, а на ден 27 Ноември 1778 се вклучил во процесијата на Големата ложа на Пенсилванија и учествувал во ѕидарската богослужба во Christ Church. Во 1779 година беше гостин во ложата “American Union Lodge” со цел да се именува Washington за Главни Голем мајстор на американската Голема ложа која допрво требала да се формира и да ги опфати сите држави. Во 1788 година и покрај тоа што ја извршувал функцијата Претседател бил назначен за Мајстор на Исток на ложата “Alexandria” (Вергинија). Заклетвата при превземањето на Претседателската должност Washington ја дал и со положување на раката на Библијата во “St. John’s Lodge Nr.1“ во Њујорк. Државниот секретар Robert L. Livingston (Големиот мајстор во Големата ложа во Њујорк) дал заклетва дека ќе му служи на генералот Jakob Morton (Големиот секретар и Мајстор на Исток во “St. John’s Lodge”). Washington го положил камен-темелникот за Капитол во Вашингтон кое било реализирано според ритуалите на слободните ѕидари, облечен во фута специјално изработена од Маркиза Lafayette, со чекич свечено предаден од страна на Големиот мајстор на Големата ложа од Мариленд.

Во еден Пасус од биографската книга за Washington која ја има напишано авторот Sidney Haydom, може да се согледа зошто бил верен на слободното ѕидарство: “Во текот на неговиот живот се провлекува неговата најупотребувана реченица: Од доблестите кои ги оплеменуваат луѓето може да се научи сé, почитувај го и негувај го слободното ѕидарство; со тоа ќе го унапредите вашиот приватен живот, а тоа всушност за еден државник претставува најголемата должност“. За време на неговиот погреб, ковчегот бил носен од шест војници, од кои сите биле слободни ѕидари.

George Washington

Monroe, James (1758-1831), 5ти Претседател на САД (1817-1825). Наследник на T. Jefferson, одлучен антифедералист, противник на Уставот на Унијата од 1787 година и Сенатор во опозиција (1790-1794); 1794-1807 година работи во дипломатска служба (пратеник во Париз, Лондон и Мадрид); 1811-1817 година Министер за надворешни работи; 1814-1815 година Министер за воени цели во владата на Ј. Madison. За време на неговиот мандат како Претседател дошло до национално консолидирање и поставување на успешна политика со странство (припојување на Флорида, 1819). Реизбран со само еден глас против; ги одби сите интервенции на европските земји во Америка (Монроева доктрина).

James Monroe

Jackson, Andrew (1767-1845), 7ми Претседател на САД (1829-1837), демократ. Учествувал во борбата против Индијанците (1814) и кога ја извојувал победата над британците во Њу Орлеанс 1815 година се стекнал со национален углед (се здобил со прекарот “Old Hickory”). Нареден негов воен успех му бил во борбата против шпанците на Флорида (завземајќи го Семинол, освојувајќи ја Пенсакола 1817-1818). Jackson ја застапувал умерената либерална и антимонополистичка политика; 1832 година одлично се спротиставил на партикуларните тези на јужните земји. Ниту стилот на неговото владеење, ниту пак крутата внатрешна политика не можеле да му наштетат на неговиот угед. Во Советот на слободните ѕидари бил примен во 1805 година во местото Савана, а во периодот 1822-1824 и 1839 година бил именуван за Голем мајстор во Големата ложа во Тенеси. За време на предизборната кампања за вториот претседателски мандат јавно зборувал за слободното ѕидарство: “Слободното ѕидарство е институција која тежи кон подобро општество и уверен сум дека тоа и ќе се случи во иднина“.

Polk, James Knox (1795-1819), 11ти Претседател на САД (1845-1849), дермократ; адвокат. За време на неговиот претседателски мандат била во тек војната против Мексико (1846-1848); во 1846 во Велика Британија бил склучен договорот за утврдување на границата на Орегон на 49та паралела. Во “Columbia Lodge Nr. 21” во Тенеси е примен во 1820.

Buchanan, James (1791-1868), 15ти Претседател на САД (1857-1861). Демократ; адвокат; во периодот 1834-1845 Сенатор во Пенсилванија; 1845-1849 година Министер за надворешн работи; пристрасен кон идеологијата на јужните држави, но сепак бил верен кон Унијата; именуван во 1856 година за компромисни претседателски кандидат. На 11 Декември 1816 година е примен во “Lancaster Lodge” (Пенсилванија), Заменик Голем мајстор во Големата ложа на Пенсилванија.

Johnson, Andrew (1808-1875), 17ти Претседател на САД (1865-1869). Единствен Сенатор од јужните држави кој во 1861 година се приклучил кон Унијата; избран бил во 1864 година за Потпретседател; после убиството на Lincoln (1865) ја презедел функцијата Претседател; 1868 година бил обвинет за кршење на Уставот (Impeachment), но Сенатот го осободил од обвиненијето. Почесен член на Големата ложа на Флорида.

Garfield, James Abraham (1831-1881), 20от Претседател на САД (1881). Работник, кочијаш, морнар, учител, адвокат, сенатор, генерал во војната за независност; 1880 бил избран за Претседател. Извршен му е атентат од негов работник кој го имал отпуштено, Charles Guiteau. Додека ја извршувал функцијата командантот во еден воен табор, Garfield  бил примен во “Magnolia Lodge” во Колумбија, Охајо во 1861 година. Во периодот од 1865-1874 година именуван е за Старешина во ложата “Garratsvill”.

McKinley, William (1843-1901) 25от Претседател на САД (1901-1909), републиканец; адвокат. Додека бил републикански пратеник во Конгресот (1877-1883 и 1885-1891) се залагал за воведување на високи царини; во периодот 1892-1896 година бил Сенатор во Охајо. За време на неговиот претседателски мандат ја водел шпанско-американската војна. Извршен му бил атентат на 6 Септември 1901 година.

Roosevelt, Theodore (1858-1919), 26ти Претседател на САД (1901-1909), републиканец. Во периодот 1897-1898 година бил потсекретар во воената морнарица; во војната против Шпанија го предводел доброволниот одред (“Rough Riders”). Во 1899 година бил именуван за Гувернер на државата Њујорк; 1900 година станал Претседател во владата на McKinley и Претседател во 1901 година. Roosevelt е реизбран за Претседател во 1904; а во 1908 година одбил повторно да се кандитира. Го предводел планот за изградба на Панамскиот канал и ја проширил Монроевата доктрина, со кое се предизвика бран на незадоволство во Јужна Америка. За време на руско-јапонската војна,во 1905 година бил посредник за склучување на мир во Портсмут и затоа во 1906 година добил Нобелова награда за мир. Предводник на Прогресивната партија и успешно воспоставил контрола врз претпријатијата и реализирал голем број внатрешни политички реформи.

Како слободен ѕидар, Roosevelt во 1900 година е примен во “Matinecocke Lodge 806” на Лонг Ајленд, а бил и почесен член на ложата “Rienzi” во Рим.

Theodore Roosevelt

Taft, William H. (1857-1930), 27ми Претседател на САД (1909-1913). Републиканец, адвокат; од 1904 година Министер за воени активности; за време на претседателскиот мандат бил против формирање на големи фондови и се залагал за зачувување на американските интереси во Кина и Латинска Америка (Dollar-Diplomacy; со цел да ја сочувува стратегијата ги поврзувал економските интереси и дипломатските средства). Од 1921 до 1930 година бил именуван за Врховен судија. Член бил на “Kilwinning Lodge Nr. 356”,во Синсинати.

Harding, Warren Gamaliel (1865-1923), 29ти Претседател на САД (1921-1923). Републиканец. Присуствувал за време на конференцијата за разоружување кое ја водел Washington. Во надворешната политика се залагал САД да остане надвор од Лигата на народите. Примен е во “Marien Lodge Nr. 70”, во Марион (Охајо). Неговата најпозната изјава за слободното ѕидарство:“Ниту еден човек нема влезено со поголема совест, страст и посветеност во слободното ѕидарство како што јас тоа го направив и затоа имам слободно право да кажам дека: Никогаш досега немам сретнато учење ниту пак сум добил обврска, кои не би можел јавно да ги соопштам. Уште повеќе: Кога сите луѓе би ги извршувале најсовесно и најчесно своите обврски и должности, меѓучовечките односи би биле бесконечно перфектни“. И во последниот ден од неговиот живот – Harding умрел за време на службено патување – испратил порака поврзана со слободното ѕидарство, апел до витезите во храмот во Холивуд. Во неговата гробница се положени неговите ѕидарски обележја.

Roosevelt, Franklin Delano (1882-1945), 32от Претседател во САД (1933-1945). Демократ. Избран во 1910 година во Сенатот на Њујорк; државен потсекретар во морнарицата во периодот 1913-1920 година; поради прележаната детска парализа во 1921 година била доведена во прашање неговата политичката кариера; сепак во1928 година е избран за Гувернер на Њујорк; 1932 година ги добил претседателските избори; 1936 година исто како и во 1940 и 1944 година (што е спротивно од американската традиција) бил повторно избран за Претседател. Во внатрешната политика Roosevelt ја вовел“New Deal” реформата во економската и во општествено-политичката сфера, а во надворешната политика преговарал за воспоставување на добрососедските односи со Латинска Америка; 1933 година ја признал СССР. Во Март 1941 година го вовел Lend-Lease системот. Иако на почетокот на Втората светска војна, завзел неутралната страна, сепак на 14 Август 1941 годинаа заедно со Churchill ја објавиле Атланската повелба и влегол заедно со Советскиот Сојуз во антихитлерската коалиција (спогодна од 11 Јуни 1942). После јапонскиот напад на Перл Харбор (7 Декември 1941) САД станала најголем поборник за окончување на војната. Roosevelt инсистирал за формирање на широк сојуз (за време на конференцијите во Казабланка и Техеран во 1943 година и на Јалта во 1945 година). Неговиот предлог за институционализирање на овој сојуз со цел да претставува основа на нов светски поредок е одбиен. Roosevelt имал големо влијание во основањето на НАТО. Бил член на “Holland Lodge Nr. 8” во Њујорк.

Franklin Delano Roosevelt

Johnson, Lyndon Baines (1908-1973), 36от Претседател на САД (1963-1969). Демократ. Учител; Сенатор на Тексас во периодот 1949-1961; од 1953 Претседател на Демократската група во Сенатот; 1961 година Потпретседател, а после убиството на J.F. Kennedy во 1963 година станал Претседател на САД. Под мотото Great Society се заложувал за социјални реформи (како и за помош во школството и во здравството), кои биле загрозени поради влезот на САД во Виетнамската војна (инфлација, студентски немири во светски размери, намалување на социјалните издатоци).

Ford, Gerard Rudolph (1913-2006), 38от Претседател на САД (1974-1977). Републиканец. Адвокат; член на Републиканската партија; од 1965 до 1973 година бил предводник на републиканците во Претставничкиот дом; во 1973 година станал Потпретседател, а по повлекувањето на R. Nixon на 9 Август 1974 година го освоил Претседателското место. Ford настојувал да го намали јазот помеѓу функцијата – Претседател и Конгресот, кој се појавил после аферата Вотергејт. Во внатрешната политика бил усмерен кон воведување на умерени реформи, но бил во договор со Министерот за надворешни работи H. Kissinger и заедно ги искористеле политичките пропусти.  За време на претседателските избори во Ноември 1976 година бил поразен од противкандидатот Jimmy E. Carter.
Некои од сеуште живите Претседатели од САД се сеуште актуелни члeнови во Големата масонска ложа во Америка, но за тоа во некој од понатамошните статии.

Читајте www.popara.mk

 

2 comments

  • Baron

    4 јуни, 2011 at 11:21

    Напише те статија за масоните во Македонија во историски граници.

    Reply

  • Marko

    2 јуни, 2011 at 14:22

    Statiive za masoni vi se zakon!!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi