Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди крајбрежјето на Чиле

popara2 јуни, 20111min00
Earthquake
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денес го погоди подрачјето во близина на крајбрежјето на Чиле, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Потресот се случил на 95 километри југозападно од Консепсион, на длабочина од 47 километри, се наведува во соопштението на Американскиот геолошки завод.
Земјотресот се почувствувал и во јужно централната област на Чиле, уништена во разорниот земјотрес минатата година.
Според податоците на чилеанската национална канцеларија за вонредни ситуации за сега нема извештаи за евентуални жртви и материјални штети.
Извор: Нетпрес
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma