Правила за стабилна и успешна врска

popara22 октомври, 20111min00
zdrava vrska

Oдржувањето на стабилна врска е постојан процес, но наградата целосно го оправдува трудот доколку сте го избрале вистинскиот партнер/ка. Во врската и двата партнери се подеднакво одговорни за тоа што го прават. За успешна врска чесните намери и љубовта се неопходни, но не и доволни да го осигураат виталниот однос. Затоа е неопходно партнерите да си веруваат еден на друг, да не ги потценуваат постапките и да ги почитуваат желбите и потребите на другиот.

Иако нема универзална формула за успешна врска, еве неколку правила кои важат генерално за сите:

Врските не се случуваат – ние ги градиме: Повеќето луѓе веруваат во „хемија“ помеѓу партнерите. Ние несвесно се заљубуваме, тоа е нешто што едноставно се случува. Но, кога страстите малку ќе стивнат, а ние сакаме врската да успее, во неа мора да се вложи многу напор и труд. На љубовта и треба нашиот разум и желба за разговор и разбирање со партнерот. Текот на врската во голема мера не зависи од среќата и судбината, туку од нашите свесни одлуки за кои сме ние самите одговорни.

Љубовта може да се „заспие“, но не и да „умре“: Секој кој е во брак или долга врска постојано се плаши дека стагнацијата може да значи и крај на врската. Сите ние се плашиме дека љубовте ќе почне да бледи и да исчезне. И покрај ова стравување, факт е дека љубовта ретко умира.
Кога ни се чини дека во некоја врска нема љубов, тоа значи дека нешто друго надвладеало, дека негативните чувства ги покриле позитивните. Кога сме лути и разочарани, дозволуваме ова чувство да ја надвладее нашата љубов. Тогаш се повлекуваме во себе и мислеме дека љубовта изчезнала. Но често тоа не е така и љубовта може и да оживее. Треба да се сетиме на чувствата на почетокот на врската и да сфатиме дека тие биле вистинските. Љубовта може да се оживее, но пред сè треба да се ослободиме од гордоста, која често знае да растури многу врски.
Партнерот не е решение за сите проблеми: Убаво е да се чувствуваме како да сме едно со партнерот што го сакаме. За жал, растеме под такви влијание на културни и социјални фактори кои нè учат како да се однесуваме, кои во голема мера се погрешни кога станува збор за љубовта. На пример машките се воспитувани дека парите ќе им донесат почитување и сè што сакаат, додека женските се „романтичарки“ и се воспитувани дека единствено љубовта и бракот ќе им донесат добрина и среќа. Многу е важно да сфатите дека само вие сте одговорни за својата добрина и среќа. Партнерот може да ви пружи подршка, но неможе да го смени вашето искуство и да ги излечи вашиот немир, несигурност и сомнежот во себе.

Љубовта е прифаќање, а не резмена: Често се случува погрешно да веруваме дека љубовта кон некого ни дава право да ја обликуваме таа личност како сакаме ние. Многу е важно понекогаш да кажеме некоја забелешка и да покажеме незадоволство, но многу од нас во тоа немаат мерка. Некои личности под својата искреност често ја кријат желбата да го променат карактерот на партнерот, но тоа ретко им оди од рака. Дури и кога партнерот ги прифаќа вашите замерки секако дека свесно или несвесно ќе пружи отпор. Во суштина, љубовта подразбира прифаќање на туѓите маани и тоа што е посебно во другите и што ги прави поинакви. Промените, дури и кога се сосема прифатливи и оправдливи, може да се направат само кога личноста која ги менува се одлучи за тоа.

Партнерите немаат телепатски спсобности: Една од заблудите во љубовта е дека партнерот нè познава до толку да може да ги „прочита“ нашите најискрени мисли и желби. Тоа е уште една погрешна претстава на романтичната љубов. Кога ќе сфатиме дека тоа не се случува, често сме тажни, разочарани, па дури и мислиме дека сме изневерени.Важно е да сфатиме дека, без разлика колку ние тоа го сакаме, партнерот не ги чита нашите мисли. Тој неможе да ги знае сите ваши мисли и желби. Ние мораме да му кажеме барем некоја. Бидете реални и стоете цврсто на земјата биејќи луѓето за кои сметаме дека имаат среќа во љубовта, сами дошле до таа среќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag