Премиера на новата VW Bubа на 18. април

11 април, 20110
v

Volkswagen одлучи да вложи многу труд и финансиски средства во официјалното претставување на најновата генерација од култниот модел Buba.

Новата Buba на 18. април речиси симултано ќе биде претставена на дури три локации, и тоа на шангајското авто шоу, во Њу Јорк и во Берлин. За трите претставувања врска ќе биде “MTV”, чии DJ ќе ја водат и програмата во Шангај.

Идејата за поврзување е сосема логична, Buba е икона во автомобилскиот свет, како што “MTV” е икона во музичкиот свет.

Она што може да се види од фотографиите на прототипот е дека Buba и понатаму во голема мера ќе остане верна на ретро стилот, со нешто пониска кровна линија, но технолошки далеку понапредна од својот претходник. Автомобилот ќе дели платформа со Golf генерација VI, а со него ќе ги дели и бензинските и дизел моторите.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit