Претсеадтелот на Интер, Масимо Морати потсети преку официалниот веб-сајт на клубот дека Бразилецот Леонардо и понатаму е тренер на “нероазурите” и покрај тоа што веќе подолго време се споменува како нови спортски директор на ПСЖ. Леонардо сеуште официално ја нема напуштено клупата на Светскиот клубски шампион, а Морати сака да потсети за можноста дека Бразилецот може и следната година да остане во “црно-плавиот” табор.
“Леонардо сеуште е наш тренер. Сакам да ги потсетам луѓето на тоа. Леонардо ниту замина, ниту побарал дозвола од мене да замине” изјави Морати.
“На Леонардо му дозволивме да ги истражи својте опции во ПСЖ. Но тој и понатаму е наш тренер и можам да побарам од него да остане” додаде првиот човек на Интер. Сепак Морати призна дека клубот бара алтернатива за Леонардо, а според италијанските медиуми најголем фаворит за клупата на Интер е Пиере Гасперини, поранешниот стратег на Џенова.
“Не сум одржал состанок со Гасперини. Го проценивме и се работи за многу сериозен човек и голем професионалец. Но сеуште не сме донеле конечна одлука” објасни Морати.