На авто шоуто во Њу Јорк претставена беше новата верзија на познатиот Volkswagen Beetle автомобил (Буба). Тоа е само третата верзија на овој автомобил, кој се враќа на оригиналниот дизајн. Во 1938 година за прв пат беше претставен овој автомобил кој тогаш постави нови стандарди во автомобилската индустрија, а од тогаш дури во 1994 година доби едно ново издание. Новата Буба е сепак германски производ, а германците кога се во прашање автомобилите не познаваат компромиси. Новата Буба ќе ја красат динамичноста и едноставноста во управувањето. Новиот дизајн не е револуционерен, но многу повеќе наликува на оригиналниот. Планирани се три верзии, 2,5 литарски бензинец со пет цилиндри, 2,0 литарски TDI со дизел мотор и спортската верзија 2,0 TSI со 200 коњски сили. Поскапите варијанти од овој автомобил ќе имаат панорамски покрив и аудио системи Fender со девет звучника. Цена и времето кога новата Буба ќе стигне на пазарот на Балканот се уште не се познати.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=scHmkn7ktuQ