Причина за смртта на Ејми Вајнхаус: “неправилна употреба“ на алкохол :((( Демек, постои правилна употреба :(((

27 октомври, 20110
74387833_fm

Трагичната смрт на Ејми Вајнхаус во јули била под “влијание“ на неправилната употреба на алкохол, изјави британскиот судски вештак Сузан Гринавеј. Според првичната аутопсија се покажа дека таа немала внесено наркотични средства во нејзиниот организам, а според последните сознанија се докажа дека во моментот на нејзината смрт, имала огромна количина на алкохол – дури пет пати повеќе од дозволената количина на алкохол во сообраќајот. (споредбено)

Набрзо по нејзината смрт, семејството Вајнхаус излезе со контроверзната информација дека причината за смртта на Ејми, всушност била откажувањето од алкохол. Но, полицијата објави дека има пронајдено празни шишиња од вотка во нејзината спална соба покрај креветот, а нејзината лекара, Кристина Ромет, излезе со официјална информација дека Ејми повторно започнала да се алкохолизира.

Една недела пред трагичниот настан, дечкото на Ејми, Пер Травис, изјави дека пејачката неконтролирано започнала да пие алкохол. “Она што се случи беше реакција на злоупотребата која што таа го правеше на нејзиното тело во текот на годините”, изјави тој.

Информациите од најновиот извештај, иако сите рани се сеуште свежи, дојде како олеснување на фамилијата, бидејќи сакаа јавноста да се увери дека нивната ќерка не починала поради прекумерно користење на наркотични средства, излезе со соопштение портпаролот на Вајнхаус фамилијата, Крис Гудман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi