Причувај ми го пивото додека ја ограбам банката!!! :)

24 декември, 20110
pivo1

На полицијата во еден помал американски град воопшто не и било тешко да го најде крадецот, тој ги „чекал“ во барот во кој пред грабежот нарачал пиво…

Џон Робин Витл (52) во четвртокот попладне заминал во локален бар и нарачал пиво. По само неколку голтки од пивото, тој го замолил келнерот да му го причува остатокот, бидејќи брзо ќе се врател. Џон го немало околу половина час, потоа се вратил и мирно си седел и продолжил да пие.
По само десетина минути во барот стигнала полицијата и го уапсила Џон, кој на „паузата“ ја ограбил банката која се наоѓала во близина.

Полцијата не соопштила колку пари украл од банката, но судејќи по кауцијата од 10.000 долари не била голема сума, веројатно му фалеле за пиво…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *