Принцот Алберт и го одзел пасошот на својата идна сопруга

1 јули, 20110
prince-albert

Наводно Принцот Алберт наредил да и се одземе пасошот на неговата идна сопруга Шарлин Витсток, за да ја спречи можноста таа да избега.

Од Монако доаѓаат се повознемирувачки вести, а гледачите ширум светот ги интересира дали венчавката воопшто ќе се одржи.

Полицијата на аеродромот го задржала нејзиниот пасош во кој имала и карта за еден правец за Јужна Африка. Наводно дознала дека нејзиниот принц има и трето вонбрачно дете, си ги собрала работите и сакала да го напушти Монако.

Адвокатите на Принцот Алберт ја негирале информацијата за “третото дете“, но високите претставници на полицијата на Монако потврдиле дека бил одземен пасошот на неговата идна сопруга.

По инцидентот Принцот Алберт ја земал својата невеста видно вознемирен од сите гласини кои кружат за него, но одлучен во намерата да му покаже на светот дека венчавката сепак ќе се одржи.

Дополнителен сомнеж кај неговата невеста предизвикала и поранешната девојка на Принцот Алберт со која тој има син кој го родила во 2003 година, која слободно се шетала низ Монако на само неколку дена пред венчавката.

И покрај гласините, вчеравечер почнала тридневната прослава која ја отвориле “Д Иглс“.

Оваа венчавка е навистина големо случување во Монако бидејќи е првото кралско медитеранско венчавање од 1956 година кога холивудската актерка Грејс Кели се омажи за Принцот Рајнер.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *