Според локалните жители, принцот Чарлс бил фасциниран од посетата во Романија а особено од косењето трева и пиењето ракија, што дури и побарал да му испратат една косилка во Велика Британија.
Принцот Чарлс кој е во приватна посета на селото Делница во Романија, побарал од локалните жители да го научат да коси трева, а потоа и да му испратат една косилка на неговиот имот во Велика Британија.
За време на посетата на селото Делница, Принцот Чарлс го посетил домот на Британката Барбара Ноулс која долги години живеела во трансилванското село.
Ноулс се запознала со Принцот Чарлс минатата година на отворање на една фабрика за млеко во округот Муреш, кога таа го поканила да го посети селото Делница.
Принцот Чарлс бил повикан и на ручек во домот на Ноулс каде на трпезата се нашле најразлични традиционални јадења, но на Принцот најмногу му се допаднал кашкавалот и домашната ракија.