Принцот Хари предупреден за неговото недолично однесување! Каде и да оди “лумпува”:)

9 ноември, 20110
harry1--z

Принцот Хари престојува во пустината Аризона, каде што е на обука за пилот на хеликоптер. Тоа е последната фаза од неговата воена обука во Америка.

Хари е во градот Џил Бенд, каде што заедно со другарите од неговата класа може слободно да излегува на вечерни забави и проводи, но неговото недолично однесување било забележано од локалните градски власти.

“Градоначалникот Рон Хенри на Принцот Хари јасно му дал до знаење дека треба да се однесува пристојно, особено со девојките од градот, бидејќи Џил Бенд е мирно и затскриено место, во кое се ценат и негуваат христијанските вредности”, изјавил извор близок до Принцот.

Хари неодамна поминал одредено време во Калифорнија, каде што имал кратка врска со локална келнерка, и сега граѓаните на Џил Бенд стравуваат за своите ќерки, пишува британскиот печат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi