Принцот Хари се наоѓа во Аризона и го искористил времето малку да ужива и да се провози со Харли-Дејвидсон. Секако поради овој подвиг не е воодушевен неговиот татко, Принцот Чарлс, кој не е некој голем љубител на мотоцикли.
Познато е дека Хари има во сопственост мотор Дукати 848 и Триумф, додека принцот Вилијам има Дукати 1198. За разлика од неговите синови, принцот Чарлс признал дека мрази мотори, велејќи дека дури и не би знаел да ја задржи рамнотежата доколку се качи на мотор.