Wiesmann Roadster MF5 V10 Black Bat

popara21 ноември, 20111min00
0

Ќе ви биде опростено доколку никогаш не сте слушнале за компанијата Schwaben Folia и нивниот партнер компанијата  Dähler, кои се заслужни за креирањето на автомобил под името Wiesmann Roadster MF5 V10 Black Bat.

Schwaben Folia го облече роудстерот во темно “одело”, а како изгледот би бил комплетен и 20 инчните BBS алуминиумски фелни се во истата боја.

Овој роудстер, произведен во ограничена серија, во оснавата верзија ќе има 5.0-литарски V10 мотор со 507 КС, кој се наоѓал на претходниот модел на BMW M5. Тука на сцената стапува швајцарска компаниај  Dähler, која е заслужна за новиот издувен систем и модифицираната електроника, што придонесе за зголемување на моќноста на 600 коњски сили.

Според зборовите на тјунерите, “Црниот лилјак” ќе развива од 0-100 за 3.5 секунди а до 200km/h за помалце од 10 секунди, а максималната брзина ќе му биде 312 km/h.

За подобро кочење, Dählerдодаде Бремвоови кочници. Инаку во моментот сеуште не е познато која ќе биде цената на овој автомобил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma