Приведени двајца осомничени за синоќешното убиство на автопатот Велес – Градско

СВР Велес соопштува дека двајца осомничени за синоќешното убиство на автопатот Велес – Градско се приведени.
“Секторот за внатрешни работи Велес презема мерки за расветлување на случајот и утврдување на причините. Во моментов се обавуваат разговори со повеќе лица меѓу кои има и осомничени кои се приведени во просториите на Секторот“ се вели во соопштението од СВР Велес.
Имено, вчеравечер едно лице беше убиено, а друго тешко повредено во престрелка која се случи на автопатот Велес-Градско.
Инцидентот се случил кога непознати сторители од возило во движење пукале во друго возило.
Инцидентот се случил околу 20:30 часот на излезот од Велес кон Градско, во близина на селото Караслари, кога од Пежо 106 во движење било пукано кон другото возило во движење во кое имало двајца патници.
Едниот од нив, 32 годишниот Б.С. бил погоден и починал на самото место. Вториот со прострелни рани во нозете бил префрлен во болицата во Велес, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје.
Извор: Нетпрес