Најлесен начин да запомните имиња

25 мај, 20110
thinking

 

Поголемиот дел од луѓето, особено ако често запознаваат нови луѓе, имаат сериозен проблем да се сетат на нивните имиња, дури и после неколку секунди по запознавањето.

Еден од овие трикови може да ви помогне на новите пријатели да не им се обраќате со “еј, ти“.

Нјдобар начин да да се сетите на името е да си го повторите неколку пати додека не се “залепи“. Ако неможете да слушате што ви зборуват и во исто време да си го повторувате името на новиот познаник, тогаш пробајте други трикови.

Потсетувањето е чудо

Ако сакате да ве запаметат и вие да ја запаметите личноста на поголем собир, најдобар начин е делење на визит-картички. На некој начин е подобро да не се сеќавате на името, отколку на компанијата која порано или подоцна може да ви притреба.

Внимателно слушајте

Гледајте внимателно во личноста која ја запонавате прв пат и целото внимание насочете го кога се претставува. Ако мислите ви одлетаат само на секунда, може да се случи да едноставно не го слушнете неговото име. Фокусирајте се на лицето на новата личност, така ќе ви биде полесно да запомните, ќе го поврзете ликот со името.

Спелувајте го името во себе

Разложете го името по букви, може да ви помогне полесно да го визуелизирате името и така подобро ќе запомните. Повеќето подобро го паметат она што ќе  го прочитаат.

Споменувајте го името во разговорот

Ако може да се сетите на името на соговорникот доволно долго за да можете да го споменувате во конверзација, искористете го тоа. Обично, ако можете да се сетите на името за време на првите неколку минути од вашето запознавање, тоа значи дека ќе имате помалку проблеми да се сетите покасно.

Запишете го името на хартија

Не баш кога соговорникот е пред вас, освен ако не сакате да им покажете дека меморијата ви закржлавела.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *