Извршната комисија на Собранието на Нови Сад изјави дека дала забрана на организаторот на музичкиот фестивал Егзит за вршење на подготовките на престојната манифестација. Како што стои во официјалната објава, извршната комисија смета дека организаторот ја уништува Петроварадинската тврдина, каде што се планира да се одржи фестивалот.
Организаторите на фестивалот без претходна согласност од градските власти започнале со ископување на тврдината со цел да изградат санитарни јазли и туш кабини за дсест илјадната публика на фестивалот кој е закажан да се одржи од 6 до 14 јули.
Портпаролот на фестивалот, Алекс Вилер пак ги демантира овие информации и вели дека целата документација која била потребна е обезбедена и сето ова се случува само заради лични интереси на некој од власта.
Од извршниот одбор изјавија дека фестивалот ќе се одржи во најавениот рок, но дотогаш организацијата мора да ја среди документацијата.