Проклетството на 27-цата: Музичари кои починаа на 27 години – четврт дел

popara3 август, 20112min01
ejminaslovnaamy-winehouse

Клубот 27 или проклетството на 27 е наслов за групата на влијателни музичари кои починале на 27 годишна возраст. Причината за смртта за сите нив е “рокенрол“ начинот на живот. Злоупотребата на дроги, алкохол, апчиња за спиење, главно се причините што овие музичари прерано загинаа, а сепак останаа многу влијателни во индустријата.

Клубот 27 се состои од два поврзани феномени: едниот е листата на седумте познати музичари кои починаа на 27 години, блуз пејачот Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобејн и неодамна починатата Ејми Вајхаус.

7. Ејми Вајнхаус – родена како Amy Jade Winehouse (14 септември – почина 23 јули 2011), англиска пејачка и текстописец, позната по својот моќен длабок контралто вокал и нејзиниот интересен микс на музички жанрови како соул, џез и r&b.

Нејзиниот деби албум во 2003 година насловен како “Френк“ беше успешен во Велика Британија и беше номиниран за Mercury наградата. Но, со својот втор албум во 2006 година, “Back to Black“ таа доживеа светски успех, што ја добедоа до пет освоени Греми награди. Тоа не само што  ја направи да биде  првиот британски женски изведувач што има освоено најмногу Греми во една  ноќ, туку и општо прв женски изведувач да тримфира во пет од шест номинации. Таа ги осови Греми наградите во најважните категории, најдобар нов изведувач, албум на годината и песна на годината.

Потоа следуваа успеси и на домашен терен, па така на 14 февруари 2007 година таа осови наградата на Британските музички награди за најдобар британски женски изведувач.

Нејзиниот албум “Back to Black“ е трет најпродаван албум во Обединетото Кралство во текот на 2000 години.

Музиката и самиот вокал кој го имаше Вајнхаус беше карактеризиран како новина која успеа да ја ревитализира британската музичка сцена. Таа беше муза за многу други славни лица, како на пример модниот дизајнер Карл Лагерфилд.

Но, Вајнхаус неможеше да се избори само со едно нешто, а тоа е самата себе. Постојано таблоидите се полнеа со нејзините проблеми и зависност од алкохол и дрога, насилство и самоуништувачко и деструктивно однесување. Со нејзиниот поранешен сопруг Блејк постојано навлегуваа во проблеми, беа гледани во јавноста под дејство на дрога и алкохол,  па затоа тој сега е на одлежување затворска казна. Во 2008 година Ејми се соочуваше со низа здравствени проблеми кои не само што и се закануваа лошо по нејзината кариера, туку пред се на нејзиниот живот. Таа неколку пати беше на рехабилитација со цел да се одвикне од лошите пороци.

Кратко по нејзиното опоравување, разводот со  Блејк, се чинеше дека Ејми конечно тргна на прав пат. Започна со снимањето на нејзиниот трет студиски албум и ја најави турнејата низ Европа.

На 18 јули 2011 година таа ја започна својата турнеја со прв концерт во Белград, кој за жал беше опишан како срам и катастрофа. Нејзиниот настап беше пред се критикуван бидејќи таа дошла пијана и веројатно под дејство на дрога, неможела да се контролира, ги заборавала текстовите на своите песни, неможела да се сети во кој град е, не можела да се сети на имињата на членовите на бендот и низа други причини, кои по овој концерт подразбираа повторно нејзино враќање во центрите за рехабилитација. Нејзината долгоочекувана европска турнеја беше откажана, настапите најавени за во Атина и Турција кои биле распродадени исто така беа откажани.

http://www.youtube.com/watch?v=ttJg8901qAU

Нејзиното последно појавување во јавноста и на сцена беше во Лондон на Camden’s Roundhouse, на 20 јули 2011, кога беше изненадување и гостин на Dionne Bromfield, во изведбата на познатата песна  “Mama Said”, а тоа беше само неколку дена пред нејзината смрт да го шокира светот.

Ејми почина на 27 години, со што влезе во клубот 27,  или клубот на починатите музички ѕвезди кои починаа на 27 години и повеќето од нив поради злоупотреба на дрога и алкохол.

На 23 јули 2011 година британските медиуми јавија дека Ејми Вајнхаус е пронајдена мртва во својот дом во Лондон. Нејзината смрт се уште се води како неразјаснета, додека се чека на резултатите од обдукцијата. Нејзиниот погреб се одржа а 26 јули 2011 година, а потоа беше кремирана.

Таа секогаш ќе остане запаметена како британска пејачка која внесе нешто ново во музичката индустрија, и како што изјави познатата Адел, дека токму Ејми го направила патот многу полесен за идните британски пејачки во САД.

Иако можеби таа имаше издадено само два албуми,  нејзиниот талент, вокал, моќта на тесктовите кои ги пишуваше засекогаш ќе останат запаметени во музичката историја.

 

 

 

One comment

  • S@ndra

    3 август, 2011 at 15:52

    Steta za ovie talentirani luge, slava im. Popara OK ste….pozzz

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma