Променете ги лошите навики во исхраната

popara4 јуни, 20111min00
news_4568

Поголемиот број на луѓе во светот денеска се хранат нездраво, со брзата харана. Но што да направите за да ги промените тие лоши навики во исхранта? Еве неколку совети:

Промена при пазарењто

Ова е можеби најбитната работа која треба да ја направите ако сакате да го смените начинот на исхрана. Направете си листа на сопствени здрави намирници кои сакате да ги приготвите, ќе научите многу повеќе и ќе ја почнете да ја цените здравата исхрана.

Немора да изедете се од чинијата

Одредете колку ви е доволно за еден оброк. Во рестораните порциите се преголеми или премали од што е потребно. Затоа направете си распоред кога што ќе јадете и немојте да се прајдувате ниту пак да се прегладнувате.

Избегнувајте ги грицките

Често знаеме од навика да грицкаме додека гхледаме телевизија или кога работиме нешто на компјутер. Доколку не сте вистински гладни секогаш гледајте наместо грицки да земете едно јаболко или друг вид овошје.

Желбата за храна

Кога сте премногу гладни нивото на шеќерот опаѓа и поголема е веројатноста да посегнете кон нездрава храна. Јадете почесто, но помали оброци. Носете со себе некаков вид на закуска ако сте излезени. Тоа нека биде овошје, или пак ореви.

Не одложувајте

Кога ќе прекршиме некоја диета, склони сме да ја занемариме со наредниот понеделник. Тоа е многу лоша навика. Продолжете од таму од каде сте застанале. Немојте да чекате со денови за да се вратите на правилниот начин на исхрана.

Дозволете си нешто забрането

Понекогаш е дозволено да јадете и нешто од  листата на нездрава храна. Нема да ви наштети, еднаш два пати месечно. Но, со тек на време сами ќе сфатите дека здравата исхрана сепак е подобра и супер ги задоволува вашите потреби.

Не ги гледајте другите

Немојте да јадете и нарачувате храна во ресторан само затоа што вашите пријатели го направиле тоа.

Секогаш обарен зеленчук

Имајте секогаш во вашиот фрижидер обарен зеленчук. Ако сакате можете и свежо. Брзо ќе ја задоволите гладта со храна со малку калории.

Запишувајте

Обрнете внимание кога најчесто јадете. Водете дневник на исхрана, кога и што сте јаделе. Тоа ќе ви помогне да имате појасна слика за тоа како се храните и што треба да исправите.

Потребно е време

Секоја недела променете нешто од наведеното. Немојте да се свртувате кон драстични мерки.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag