Пронајден првиот портрет на Исус ?

4 април, 20110
jesusportrait
По пронаоѓањето на повеќе од 70 древни книги, стари околу две илјади години, откриена е и слика за која се претпоставува дека претставува портрет на Исус Христос.
Книгите се пронајдени во пештера во Јордан, а според една теорија за се’ е “виновна“ поплава по која во пештерата биле откриени две вдлабнатини во зидот, а во едната бил изгравиран светилник, древен симбол на Евреите.
Книгите се направени од олово, а страниците со големина на кредитни картички се поврзани со прстени од олово. Текстот е пишуван на хебрејски јазик и поголемиот дел од него е шифриран. Но, меѓу пронајдените книги се наоѓа и една необична слика за која се претпоставува дека е првиот портрет на Исус, пишува “Дејли мејл“, пренесува НетПрес.
Исто така, некои зборови напишани под сликата до сега се дешифрирани, и наводно пишува “Спасител на Израел“.
Древните книги биле испратени на анализа во Англија и Швајцарија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi