Пронајдени остатоци од население на најодлачениот шкотски остров

20 јуни, 20110
soay-sheep-st-kilda

Остатоци од населеност кои би можеле да потекнуваат од железната доба се пронајдени на далечниот шкотски осторв Боререј за кого до сега се веруваше дека служел само како место за пасење овци и лов на птици, пишува BBC.

Археолозите пронашле култивирани полиња и растенија, како и остатоци од камени градби, кои биле прекриени со земја и мов.

Островот е дел од Сент Килда архипелагот и е најодалечен од сите Британски острови. Хирт, главниот остров на архипелагот, бил населен до 1930 година, кога послените жители побарале да бидат евакуирани, бидејќи неможеле да живеат на островот.

Археолозите на Хирта нашле едноставно оружје кое покажува дека патниците во бронзената доба, пред 4000-5000 години, го посетувале и Сент Килда.

Овие откритија може да укажат дека на островот постоеле фармери кои живееле уште во праисторијата, изјавил лидерот на тимот археолози Иан Паркер.

Истражувањето на осторовите е дел од петгодишниот проект за собирање податоци за наследството од островите. Истражувањето кое започнало во 2007 година, треба да заври кон крајот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi