Во фабрика за тули во Сасекс се пронајдени остатоци од суштество за кое се верува дека е еден од најмалите диносауруси во светот кои постоеле, јавува BBC.
“Тоа е најмал диносаурус кој е откриен во Европа“, изјавил палеонтологот Стив Свитман. Фосилите во облик на птица била со должина меѓу 33 и 40 сантимери.
Диносаурусот го пронашол еден локален колекционер на фосили Дејв Брокурст, кој работи во фабриката. Во карпите кои се наоѓаат многу блиску до фабриката за тули, биле пронајдени и други фосили од жаби, желки, гуштери, крокодили и диносауруси.
Експертите од Универзитетот во Портсмут велат дека новооткриениот диносаурус потекнува од ерата на мезозоик која започнала пред околу 250 милиони години. Наречен “Esdaun maniraptorian”, диносаурусот бил месојад и сештојад. Експертите сметаат дека се работи за возрасен диносаурус, бидејќи скелетот бил целосно формиран.