Бразилските власти покажаа ретки фотографии на изгубените племиња кои живеат во шумите на Амазон, за да ги заштити и не дозволи нивно исчезнување. Неверојатните слики покажуваат љубопитни лица на возрасни и деца чии лица се обоени во портокалова боја. Во рацете држат лакови, стрели и копја. Карактеристично за овие луѓе било тоа што имале необично чело и необично долга коса, а најверојатно се хранеле со овошје што го собирале во шумата. Тие употребувале метални предмети, како што се ножеви. Тие живеат во Бразил, во близина на перуанската граница. Фотографиите биле снимени од Бразилска национална фондација за Индијанци (ФУНАИ). Тие тврдат дека за опстанокот на ова племе е во опасност поради нелегални ловци, кои ги напаѓаат племињата од Перу и ги протеруваат во Бразил.