Ријана ужива во садо-мазо
1 февруари, 20110

Ријана деновиве го снимаше видео записот за песна од најновиот албум “Loud”, “S&M”. Стиховите од песната зборуваат за садомазохистичките уживања во сексуалниот однос. Спотот премиерно ќе биде покажан на MTV, следната недела. Режисерката на спотот Мелина Матсоукас изјави дека инспирацијата за спотот ја пронашла во садо-мазохистичкиот однос на Ријана кон медиумите. Не се во прашање само катанци и ланци, во спотот има поп-арт мотиви, на кои инсистираше Ријана, изјави Мелина. Во фокусот пред се е шарена и весела атмосфера. На снимањето на спотот Ријана користи многу еротски помагала, гумени кукли, латекс и слично.