Локалните руски власти објавија, дека локален ренџер, вработен како чувар на ирваси во рускиот дел на Арктикот открил совршен сочуван труп на младенче од мамут.
Ренџерот едномесечното младенче го открил копајќи на платформа. На истиот начин пред четири години негов колега открил женка мамут стара 40,000 години.
Телото на младенчето е совршено сочувано, неговата кожа и внатрешни органи се во совршена состојба. Трупот ќе биде пренесен во главниот град на регионот Салекхард како би се продолжило со неговото истражување.