Проституцијата – низ бројки и факти

22 јуни, 20110
012410045154_prostitution1

Дефинирање

Проституцијата претставува давање на сексуални услуги за пари или друг вид на материјална надокнада. Жената која се занимава со проституција се нарекува проститутка, а мажите проститут или жиголо.

Статистика

Генерални факти

– Во 1949 година, Обединетите Нации усвои резолуција во корист на предлогот за легализација на проституцијата, која е ратификувана од страна на педесетина земји.
– Просечната возраст на која се започнува со проституција е 16 години.
– Најмалку 75% од проститутките биле сексуално и физички малтретирани во детството.
– Поголемиот дел од проститутките се зависни од алкохол или дрога.
– Според извештаите на National Task Force за проституција, повеќе од еден милион луѓе во САД работат како проститутки.
-Проценките во некои поголеми градови откриле дека 20-30% од проститутките се од машки пол.

Злоупотреба
– 70% од проститутките се повеќе пати силувани од страна на нивните клиенти и макроа.
– Некои проститутки се силувани околку 8 до 10 пати годишно.
– Од вкупно силуваните проститутки, 7% бараат помош, а само 4% го пријавуваат случајот во полиција.
– Една неодамнешна студија покажала дека од вкупниот број на случаи за силување и злоставување, 5% од сторителите се идентификувани како полицајци, често со приложување на значка и полициска идентификација.

Ментална состојба
– Според одредени истражувања се покажало дека проститутките страдаат од “негативен идентитети” или недостиг на самопочит.
– Според една студија, 76% од проститутките имаат помислено на самоубиство.


Клиенти
– Во една студија во Лондон, 50% од клиентите биле во брак или живееле заедно со партнерот.
– 70% од возрасните мажи барем еднаш биле со проститутка.

Судски процеси
– Од вкупниот број на уапсени лица поврзани со проституцијата 70% се жени, 20% се мажи и 10% се клиенти.
– 85-90% од уапсените лица работат на улица.

Трошоци

– Во просек трошокот за едно случај поврзан со проституција изнесува околу 2.000 $ по апсење – овде се вклучени: трошоците за апсење, за суд и затворски трошоци.
– Градови во просек секоја година трошат по 7,5 милиони долари за контрола на проституција – интервалот на трошоците се движат од 1 милион долари до 23 милиони долари.
– Бизнисот со проституција во САД изнесува 14,5 билиони долар годишно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *