Американската рок група “Alice Cooper” ќе одржи концерт на 11-ти мај во Лондон. Тоа ќе биде прв холограмски концерт во историјата, пренесува Класик рок.
Натапот ќе биде снимен во едно холивудско студио и ќе биде прикажан во Лондон на видео бим во должина од осум метри. На публиката тоа ќе и изгледа како настапот да е во живо. Воедно тоа е прв концерт на “Alice Cooper” во Британија од 1972 година.
Не можевме да одолееме на ова искуство да се појавиме на холограмите и да имаме концерт од другата страна на Атлантикот, изјавил 63 годишниот пејач.