Венецуела е позната како рај на земјата за возачи. Покрај тоа што е горивото речиси бесплатно, државата цврсто ги подржува правата на возачите и тестирањето за алкохол е за нив непознат поим. Сепак, оваа латиноамериканска земја неодамна забележа историски настан. Полицијата на Венецуела минатата недела за прв пат ја конфискуваше возачката на пијан возач. Тоа е 41- годишниот Рамон Пара, кој бил запрен поради брзо возење, но покрај тоа полицијата откри дека возачот бил во пијана состојба, го преполнил автобусот со патници и изгубил едно од задните тркала.
“Автобусот имаше повеќе од дозволениот број на патници и и недостигаше едно од шесте тркала. Важно е да се напомене дека ова е нов чекор за нас, за прв пат во историјата Венецуела одзема возачка дозвола“, изјави шефот на полицијата Луис Фернандез. Несреќниот возач останал без дозвола 12 месеци, според законот кој е прв пат донесен 2008 година, но досега не бил во употреба.